Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОН: Најмалку 32 украински заробеници егзекутирани во руско заробеништво во текот на зимата

Најмалку 32 украински воени затвореници (заробеници), неодамна заробени од Русија, се егзекутирани помеѓу 1 декември 2023 година и 29 февруари, се вели во извештајот на Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права (ОХХР) од 26 март.

Извештаите за мачење или убивање на украински заробеници додека биле во руско заробеништво се појавуваат уште од почетокот на руската војна против Украина. Од крајот на февруари, Канцеларијата на јавниот обвинител соопшти дека се водат 19 кривични истраги во врска со егзекуцијата на 45 украински заробеници, пренесува Кијив индипендент.

ОХХР соопшти дека регистрирала 12 случаи на егзекуции на најмалку 32 заробени украински заробеници во текот на зимата, што значи дека некои од нив веројатно биле убиени во групи.

„ОХХР верификуваше три од овие инциденти во кои руски војници егзекутираа седум украински воени лица без борба“, се вели во извештајот, кој се заснова на интервјуа со 60 украински војници ослободени од заробеништво.

Нивните извештаи ги потврдија претходно документираните факти за широко распространето мачење, нечовечко или понижувачко постапување и казнување на украинските заробеници во руско заробеништво, како и условите за притвор што не се во согласност со меѓународното право, соопшти ОХЦХР.

Истрагата на Кијив Индипендент од декември минатата година ги откри нехуманите услови на притвор, глад и тортура особено во еден руски логор: затворот Оленивка, лоциран во Доњецката област окупирана од Русија.

Извештаи и видеа од егзекуции на украински воени заробеници се појавуваа и предходно, од самиот почеток на целосната руска агресија врз Украина. Како што предходно објави ЦИВИЛ Медиа, во март 2023 година, на социјалните мрежи се појави потресна видео снимка од брутална и ладнокрвна егзекуција на невооружен украински војник што веројатно ја спроведуваат припадници на руските окупаторски сили.

Драган Мишев (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен