Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Орбан ја спореди ЕУ со Советскиот Сојуз во говорот на годишнината од унгарското антисоветско востание во 1956 година

Орбан во говорот на годишнината од унгарското антисоветско востание во 1956 година во кое загинаа 2.500-3.000 Унгарци во двонеделните интензивни борби, а по задушувањето на востанието повеќе од 200.000 ја напуштија земјата, ја спореди ЕУ, од која добива милијарди евра помош, со Советскиот Сојуз

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го спореди членството на Унгарија во Европската унија со повеќе од четири децениската советска окупација на неговата земја за време на говорот во понеделникот на комеморација на годишнината од унгарската антисоветска револуција во 1956 година.

Во својот говор по повод годишнината од унгарската револуција во 1956 година, тој ја нападна Европската унија и ја спореди со Советскиот Сојуз, но рече дека „Москва не може да се поправи, но Брисел и Европската унија можат да се поправат“.

„Денес се појавуваат работи кои не потсетуваат на советските времиња. Да, се случува историјата да се повтори“, рече Орбан за време на неговиот говор за време на комеморацијата на советската инвазија на Унгарија во 1956 година.

„За среќа, она што некогаш беше трагедија сега е во најдобар случај комедија. За среќа, Брисел не е Москва. Москва беше трагедија. Брисел е само лоша современа пародија“.

Инвазијата на СССР врз Унгарија во 1956 година доведе до илјадници Унгарци убиени и речиси четвртина милион избегаа од земјата.

Унгарците на 23 октомври го одбележаа краткотрајното востание во 1956 година против советската власт, кое ги однесе животите на 2.500-3.000 Унгарци во две недели интензивни борби, по што следеше егзекуција на 400 луѓе. По задушувањето на востанието, повеќе од 200.000 ја напуштија земјата во следните месеци, од кои мнозинството ги избраа САД.

Советската војска го задржа своето присуство во Унгарија во текот на периодот на Студената војна, а последните трупи ја напуштија дури во 1991 година.

Моравме да танцуваме на мелодијата што ја исвирка Москва“, рече Орбан во своето обраќање во градот Веспрем.

„И Брисел свирка, но ние играме како сакаме, а ако не сакаме, тогаш не танцуваме!

Орбан ја обвини ЕУ дека се обидува да и го одземе идентитетот на Унгарија и да наметне модел на либерална демократија што Унгарците наводно го отфрлаат, наведува Асошиетед прес.

Орбан говореше во западниот град Веспрем, кој беше европска престолнина на културата на ЕУ во 2023 година, пред група од 1.000 до 1.500 поканети гости среде силно обезбедување. Сите медиуми беа исклучени освен државните медиуми на Унгарија.

Втора година по ред, тој избра локација надвор од главниот град за својот говор што го означи и почетокот на Европскиот парламент и локалните избори во 2024 година, поставувајќи конзервативна програма, според набљудувачите, кои се поделени околу причините зошто Орбан не одржува клучни говори во Будимпешта.

Фидес порано одржуваше големи митинзи на кои привлекуваа десетици илјади луѓе, но тоа се промени по војната, пренесува Интелињуз. Некои забележуваат дека премиерот не е подготвен да го преземе ризикот од контрапротести за време на неговиот говор и затоа се определува за помали комеморации.

Во меќувреме, на Икс се појавија фотографии од протести пред руската амбасада  во Будимпешта, каде беа поставени кордони и полициски ѕид, очигледно очекувајќи ги демонстрантите. Но, толпа од таа големина?(не се очекуваше)

„Русите си одат дома! – “Валкани ФИДЕС” дојде од толпата од десетици илјади.

Како добар диктатор, Орбан побегна во Веспрем. На локалните жители не им беше дозволено да присуствуваат на неговиот говор.

Многу поголемите од очекуваното, демонстрациите во главниот град не ги пренесуваше во живо ниту еден информативен канал, се вели во објавата на Икс.

Како и во минатогодишниот говор, тој внимателно избегнуваше да ја спореди тековната агресија на Русија во Украина со настаните во 1956 година.

Унгарскиот премиер, кој се смета за единствен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин во ЕУ, активно се залагаше против потезите на ЕУ за воведување санкции кон Москва, а Унгарија е единствената земја што се противи на испорака на оружје за Украина.

Од почетокот на целосната инвазија на Украина, Унгарија постојано ги стопираше санкциите против Русија и помошта за Кијив. Пред помалку од две недели, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја посети Москва во своето петто патување во Русија од почетокот на војната.

Со текот на годините, конфликтот на Орбан со ЕУ постепено ја пренасочи неговата база на поддршка за ЕУ кон по-проруски став и неговите зборови сугерираат дека владата, во разговорите со ЕУ за одмрзнувањето на милијарди евра пари за развој, ќе остануваат пркосни во клучните прашања.

Долгогодишниот лидер на Унгарија постојано се судира со Брисел околу прашањата за владеењето на правото во Будимпешта и демократското назадување. Орбан, исто така, гради пријателски односи со авторитарни сили како Русија и Кина, што предизвика критики и од ЕУ и од САД.

Унгарија ѝ се приклучи на Европската унија во 2004 година. Во 2021 година, земјата придонесе 1,7 милијарди евра во буџетот на ЕУ додека од него доби 6 милијарди. Најголем дел од структурната помош е посветена на „кохезија, издржливост и вредности“. Како што објави Гисрипортсонлајн, инфраструктурните проекти првично беа главните области за трошење, но со текот на времето, екологијата, заштитата на климата, енергетската транзиција и граѓанското општество играа сè поважни улоги.

Европската комисија минатата есен го активира механизмот за владеење на правото и предложи да се замрзне дел од финансирањето на ЕУ за Унгарија. Како што објави Investigate Europe, во декември 2022 година, земјите-членки ја усвоија одлуката, и конечно одлучија да замрзнат 6,3 милијарди евра за Унгарија поради загриженоста за проблемите со владеењето на правото и корупцијата.

Усвоен во 2020 година, таканаречениот механизам за условување на владеењето на правото и овозможува на ЕУ да го суспендира финансирањето на земја-членка со сериозни недостатоци во владеењето на правото.

Сега, Европската унија размислува да отклучи милијарди евра за Унгарија, кои беа замрзнати поради загриженоста за владеењето на правото, бидејќи се обидува да добие одобрение од Будимпешта за помош на Украина, вклучително и почеток на преговори за членство на Киев, изјавија високи претставници.

Поради тоа што Унгарија негува поблиски врски со Русија отколку другите земји на ЕУ, се смета за клучен потенцијален противник на одлуката што треба да се донесе во декември за тоа дали да се отворат пристапните преговори со Кијив, за што ќе биде потребна едногласна поддршка од 27-те членки на Унијата.

Висок функционер на ЕУ изјави за Ројтерс дека за да го поколеба гласот на Унгарија, блокот очекува да го разгледа статусот на стипендиите од ЕУ во вредност од милијарди евра, кои сега се замрзнати поради загриженоста дека премиерот Виктор Орбан ја ограничил независноста на судовите.

Драган Мишев (Цивил Медиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен