Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Орданоски: ВМРО-ДПМНЕ го проблематизираат Талат Џафери кој беше министер за одбрана во нивната Влада и тогаш не им беше проблем

„Околу целата компликација што треба да се случи неделава во четврток, односно нова Влада, има политички и правни проблеми бидејќи не е едноставно како да се изгласа таква Влада, не само во политичка смисла дали ќе бидат празни местата, туку што предвидува законот за тоа. Мислам дека е срамота да предложиш свои министри а да не изгласаш таква Влада, тоа е една евтина пропагандистичка позиција која во моментот ВМРО-ДПМНЕ ја практикува. Го проблематизираат Талат Џафери кој беше министер за одбрана во нивната Влада и тогаш не им беше проблем. Сега нешто им е проблем“, изјави аналитичарот Сашо Орданоски на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека очигледно е дека се работи за маневарска позиција во којашто ВМРО-ДПМНЕ се обидува на ниеден начин да не си го проблематизира изборниот датум со каква било официјална одговорност, што подразбира учество и гласање за Влада.

„Они ако може да има поплава, земјотрес, за да не дојдат во ситуација да треба да решаваат и да бидат прозвани на одговорност. Тоа е комоција која ја има секоја опозиција, но не во ваков модел на Пржински влади, бидејќи тоа е важечкиот, законски модел“, посочи Ордановски.

„Првиот круг од претседателските избори е недела дена пред вториот круг, кога ќе се одржат и парламентарните избори. Ако има неколку албански кандидати со неколку македонски во етничка смисла во партиите, со тоа што кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на СДСМ ќе влезат во вториот круг, битно е со колку гласови кој како би влегол“ изјави аналитичарот Орданоски на поткастот „Политиканти“.

Тој додаде дека во секоја изборна постапка начинот на кој се одвива вториот круг, во јавноста победничката атмофера во принцип продолжува со победа.

„Атмосферата во која вториот се бори за пресврт е многу потешка ситуација. Кој и да е кандидат во македонскиот блок, а тоа веројатно ќе биде кандидат на СДСМ, тој ќе ги губи евентуално гласовите од етничките Албанци за неговата кандидатура. Се плашат дека тоа ќе ги доведе во нерамноправна позиција“, заклучи Ордановски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново