Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полиграф: Министерот за внатрешни работи Спасовски – цел на дезинформациски напад од лажен профил

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, беше цел на дезинформациски напад преку ширење невистинита објава од лажен профил со негово име.

На 03.02.2023, Миленко Неделковски објави Фејсбук пост со скриншот од лажниот профил со фотографија од министерот и име „Оливер Спасовски“, и недоличен коментар со говор на омраза. Во скриншотот се тврди дека владата ќе расправала за измени на Кривичниот законик во врска со говор на омраза „кон граѓаните кои се осеќаат како Северномакедонци и кои веќе го прифатиле новиот национален идентитет, различен од македонскиот“.

Но, не е вистина дека владата подготвувала таква расправа за Кривичниот законик. И тврдењето дека има граѓани кои се изјаснуваат како „северномакедонци“ е манипулација, зашто на пописот на населението во 2021 воопшто немаше графа „Северномакедонци“.

И Вистиномер, во написот „Твит од лажен профил претставен како да доаѓа од министерот Оливер Спасовски“, забележува: „Од коментарите под постот e евидентно  дека дел од корисниците на социјалната мрежа Фејсбук поверувале дека станува збор за официјално обраќање на министерот и  упатуваат пцовки, навреди и обвинувања за предавство.“

Оваа дезинформација, проследена со говор на омраза, се ширеше на социјалните мрежи. Во случајов, жртва беше министерот Спасовски, чие име и лик беа злоупотребени за ширење невистини. Но, жртви станаа и повеќе граѓани на социјалните мрежи што им поверуваа на ширачите на дезинформации, кои настојуваа да поттикнат раздор и нетрпеливост.

(Извор: ima.mk)

Најново