Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поранешен информатор на ФБИ обвинет дека лажел за улогата на семејството Бајден во украински бизнис

Специјалниот советник кој ја водеше повеќегодишната истрага против Хантер Бајден, Дејвид Вајс, го обвини поранешниот информатор на ФБИ Александар Смирнов дека лажел за вмешаноста на претседателот Џозеф Бајден и неговиот син Хантер Бајден во деловни трансакции со украинската енергетска компанија Бурисма Холдингс.

Смирнов (43) се соочува со обвиненија поврзани за лажење на ФБИ и создавање лажни досиеја.

Тој е уапсен утрово на меѓународниот аеродром Хари Рид во Лас Вегас, по пристигнувањето во САД од странство, а подоцна во текот на денот ќе се појави пред федерален суд. Обвинението против Смирнов го доведува во прашање клучниот аспект на тврдењата на републиканците дека актуелниот американски претседател имал финансиска корист од бизнисот на неговиот син во Украина. Според судските записи, Смирнов му рекол на агент на ФБИ дека разговарал со сопственикот на Бурисма за напорите на компанијата да купи компанија во САД.

Во својот извештај до ФБИ, се наведува во обвинението, Смирнов исто така забележал дека некој што тој го нарекува „бизнисмен 1“ бил во одборот на Бурисма и исто така бил син на поединец наречен „јавен службеник 1“.

Иако обвинението не ги прецизира овие лица, изворите го идентификуваа „јавниот службеник 1“ како Џозеф Бајден и „бизнисменот 1“ како Хантер Бајден. За време на претседателската кампања на Бајден, Смирнов наводно поднел извештаи до ФБИ за две средби со директори на Бурисма во 2015 и 2016 година, за време на кои директорите признале дека го ангажирале Хантер Бајден за „да ги заштити од секакви неволји преку неговиот татко“.

Смирнов, исто така, информирал дека директорите на украинската компанија им платиле по 5 милиони долари на Џозеф и Хантер Бајден додека Џозеф Бајден беше потпретседател, за Хантер „да се погрижи за сите овие работи преку неговиот татко“, мислејќи на кривичната истрага што ја водеше тогашниот украински обвинител за работењето на Бурисма.

„За волја на вистината, обвинетиот имал контакт со директорите на Бурисма во 2017 година, по завршувањето на администрацијата на Обама-Бајден и откако тогашниот украински јавен обвинител беше разрешен во февруари 2016 година, со други зборови, кога Џозеф Бајден повеќе немал можност да влијае врз политиката на Америка и кога јавниот обвинител повеќе не беше на функцијата“, се наведува во обвинението.

Се заклучува дека Смирнов ги „трансформирал“ своите рутински и невообичаени деловни контакти со Бурисма во 2017 година и подоцна, во обвинувања за поткуп против Џозеф Бајден, претпоставениот кандидат на една од двете главни политички партии за претседателската функција. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен