Се полошата економска ситуација ситуација во Русија предизвикува загриженост меѓу нејзините граѓани, кои се почесто се гледаат како чекаат во редови пред продавниците за да купат храна.
Русите се приморани да чекаат во долги редици за да купат основни нармирници како јајца, а цените на производите постојано растат и ги рушат рекордите за инфлација, поради што граѓаните се на работ на сиромаштијата.
Ескалацијата на војната која ја води рускиот претседател Владимир Путин само ги влоши и така тешките услови за живот во Русија, за кои нема ни знаци за подобрување во наредните месеци.
Буџетот на Русија наместо за народот и храната се повеќе се насочуваат за војната. Во буџетот за 2024-2026 година, дури 40 отсто од буџетските расходи се планирани за финансирање на војната. И покрај се полошите услови за живот, се чини дека Путин повеќе вложува во своите имперлијалистички амбиции, отколку за доброто на граѓаните.
Фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи изминатите денови сведочат на огромни редици и сиромаштија и потсетуваат на сцените од Србија од крајот на деведесеттите години, кога земјата беше изолирана и инфлацијата беше неконтролирана.