Руската пропаганда со лажна насловна на германскиот весник Ханделсблат шири невистини за Самитот на НАТО во Вилнус

Фокусот на руската пропаганда сé уште е насочен на Самитот на НАТО во Вилнус во обид да ја поткопа поддршката која земјите – членки на Алијансата и ја дадоа на Украина.

Каналите на Z-Телеграм и ботови на Твитер споделуваат лажна насловната страна на германскиот деловен дневен весник Handelsblatt, на која е прикажана карикатура на претседателот на Украина Володимир Зеленски кому не му е дозволено да влезе во НАТО.

Ова е лажна конструкција на руска пропаганда. На официјалната веб-страница на Handelsblatt нема корица со оваа слика. На лажната корица пишува дека изданието има број 134 и ќе излезе на 14 јули 2023 година. Но, изданието на тој број и објавеното на тој датум имаше сосема поинаква корица.

Оригиналната корица го прикажува извршниот директор на Мајкрософт Сатја Надела и носи наслов „Мајкрософт Принципи“.

Темата за Украина за време на Самитот на НАТО во Вилнус беше на насловната страница на весникот, но еден ден претходно – на 13 јули. На неа е прикажана фотографија од прес-конференцијата на Володимир Зеленски по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот цитат „По Војна, Украина ќе стане членка на НАТО“.

Во пресрет и за време на Самитот, руската пропаганда го нападна информативниот простор со фалсификати и манипулации за Самитот на НАТО во Вилнус, каде Украина доби безбедносни гаранции од земјите од Г7 и се одржа првиот состанок на новосоздадениот Совет Украина-НАТО.

Претходно руската пропаганда лажираше насловна страница на францускиот сатиричен магазин Charlie Hebdo, во обид да ја сокрие реакцијата на светот за вооружениот бунт во Русија.

Д. Мишев (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен