Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Што предвидува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик?

Пратениците во македонското Собрание вчера го усвоија Законот за употреба на македонски јазик. Со новиот Закон се прошируваат областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот јазик и неговото кририлско писмо.

Законот предвидува задолжително лекторирање на сите материјали, но и обврска за задолжително вработување на лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на владата.

Се зајакнува инспекцискиот надзор, се основа Инспекторат за примена на македонскиот стандарден јазик.

Новиот Закон содржи многубројни решенија и механизими за градење соодветна јазична политика, дополнителни механизми што се во функција назајакнување на почитувањето на македонскиот стандарденјазик и неговата правилна употреба.

Со овој закон, меѓу другото, пропишано е задолжително лекторирање на сите материјали со објавување на лекторот и задолжително вработување лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на власта. Со доследната примена на овој закон, ќе се пристапи кон вработување лектори по македонски јазик во сите државни институции и агенции, во училиштата, во издавачките куќи, во медиумите и секако дека со тоа ќе се зголеми интересот за студирање македонски јазик.

За вршење инспекциски надзор над примената на Законот ќе се основа Инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик, а Законот дава правна основа за донесување Национална стратегија за македонскиот јазик. Од овој закон произлегуваат многу важни иницијативи, меѓу кои и стипендирање ученици во четврта година од средното образование и надодипломски, магистерски и докторски студии, со што сеправи голем исчекор кон мотивирање на младите запроучување на македонскиот јазик.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера објасни дека со изгласувањето на овој закон, добиваме нов и современ закон за македонскиот идентитет и култура, но и закон кој е пример како треба да се изработува еден правен акт кој е од заеднички интерес, а тоа е со широка јавна дискусија и соработка на сите засегнати страни.

Таа упати благодарност до сите членови на Советот за македонски јазик, до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, до реномираните лингвисти, македонисти, професори кои своето искуство, како што нагласи, својот интелектуален и стручен капацитет, го вложија во изработката на овој закон. Министерката за култура се заблагодари и на вработените во Министерството за култура и на пратениците од сите пратенички групи кои со своите забелешки изразија подготвеност амандмански да учествуваат во неговата финализација.

Македонскиот јазик денеска е признат во Обединетите нации, а со потпишување на Договорот со Фронтекс тој стана дел од јазиците кои официјално се користат во Европската унија. (Центар.мк)

Треба да знаете
Moже да ве интересира