Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сијарто: Европа нема да биде целосна додека не го интегрира Западен Балкан, Северна Македонија 18 години кандидат

Петер Сијарто

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека на Европската унија во оваа тешка ситуација и се потребни енергијата и свежината на Западен Балкан. Србија е клучна, сите поглавја се отворени со Црногорците, Северна Македонија е кандидат веќе 18 години, со Албанија не сме отвориле пристапни преговори девет години, рече Сијарто.

По состанокот на Советот за општи работи на Европската унија во Брисел, Сијарто изјави дека Европа нема да биде целосна додека не го интегрира Западен Балкан.

-Ова е важно за економскиот развој, безбедноста и човечките контакти, рече Сијарто.

Како што наведе, на Европската унија во оваа тешка ситуација и треба енергијата и свежината на Западен Балкан.

Според него, довербата во Европската унија опаѓа во земјите од Западен Балкан.

-Наместо што некои колеги министри плачат како некои други глобални политички играчи би сакале да го интегрираат Западен Балкан, ние веќе требаше да прифатиме четири земји во Европската унија. Србија е клучна, сите поглавја се отворени со Црногорците, Северна Македонија беше кандидат 18 години, а девет години не ги отворивме пристапните преговори со Албанија, рече Сијарто.

Само на земјите кои се против проширувањето, рече Сијарто, можеме да им се заблагодариме што опаѓа поддршката на граѓаните од Западен Балкан кон евроинтеграциите. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен