Сирија е уште еден во низата на порази на Русија

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, оцени дека сирискиот претседател Башар ал Асад „избегал од својата земја“ откако ја изгубил поддршката на Русија. „Асад веќе го нема“, напиша денеска Трамп на платформата „Трут Соушал“. „Неговиот заштитник, Русија, предводена од Владимир Путин, веќе не беше заинтересирана да го штити“.

Во неговата вчерашна објава напиша дека, бидејќи Русија, која е сојузник на Башар Асад, е зафатена со војната во Украина, таа „изгледа е неспособна да го запре буквалниот марш низ Сирија, земја што ја штитеше со години“. Ако Русија биде принудена да се повлече од Сирија, тоа „може всушност да биде најдоброто што може да може да ѝ се случи“, затоа што „Русија никогаш немаше голема корист од Сирија“, оцени вчера Трамп.

Оваа оценка на Трамп е резиме на сите воено-безбедносни интервенции, односно, вмешувања или инвазии што Русија ги преземаше во последните пет до шест децении.

Распадот на Варшавскиот пакт и на СССР

Русија не успеа да го „додржи“ Варшавскиот пакт кој се распадна и после кој на нејзините граници се обновија демокраиите на земјите кои денеска имаа западно-демократска ориентација и која Москва ги смета за закана како што се Полска или Украина.

Москва не успеа да го одржи ниту Сојузот на советските социјалистички републики (СССР), а режимот едвај се извлече од внатрешните немири кога на два пати, во 1991 и во 1993 година рускиот парламент, Думата, се најде под опсада, по што беше инсталиран режимот на Путин кој владее до ден денеска.

Поразот во Авганистан

Русија, sогласно Женевскиот договор од 14 април 1988 година, Советскиот Сојуз изврши целосно воено повлекување од Авганистан помеѓу 15 мај 1988 и 15 февруари 1989 година. Повлекувањето на 40-та армија формално доведе до крај на Советско-авганистанската војна по речиси една деценија борби. Тој означи значаен развој во авганистанскиот конфликт, откако служеше како претходник на Првата авганистанска граѓанска војна.

Руските интервенции во распаѓањето на СФРЈ и на СР Југославија

Русија, иако не директно и со воена сила, беше вклучена во распадот на СФР Југославија, кога застана на страната на режимот на Милошевиќ, особено во Босна и Херцеговина каде што е познато дека делувале руските паравоени формации.

Во 2003 година од Косово си заминаа последните руски војници. Десеттиот ешалон со руски војници и воена техника што учествуваа во меѓународната мировна мисија КФОР беа распоредени откако во јуни 1999 година, на крајот на војната во Косово, молскавично се упатија кон аеродромот во Приштина, како и на „катастрофата“ што бил спречен, пишува тој БИРН.

Непосредно пред влезот на 250 војници на НАТО од Северна Македонија и Албанија, 50.000 руски војници веќе биле на пат кон аеродромот по копнен пат од Босна и Херцеговина.

Тоа беше застрашувачки почеток на распоредувањето на силите на НАТО по 11-неделните воздушни напади со цел да се принудат силите на Слободан Милошевиќ да се повлечат од Косово.

Сирија и Украина, два фронта беа премногу

Русија ќе плати висока цена за својот неуспех во Сирија, велат експертите.

Падот на Асад е „голем удар за тврдењето на Русија дека сè уште е глобална сила во смисла на одржување на воено и политичко влијание во странство“, рече Хамидреза Азизи, соработник на Германскиот институт за меѓународни и безбедносни прашања.

Оттаму, актерите во други региони како Латинска Америка и Африка би можеле „да почнат да ги доведуваат во прашање нивните врски и нивната зависност од Русија“, заклучи тој.Сега, падот на владата на претседателот Башар ал-Асад, клучен сојузник на Москва, им нанесе сериозен удар на руските големодржавни амбиции.

„Воената авантура на Путин во Сирија е дизајнирана да покаже дека Русија е голема сила и дека може да го проектира своето влијание во странство“, вели Филип Смит, експерт за Блискиот Исток.

Соборувањето на Асад не е само удар врз угледот на Русија, туку веројатно и нејзин голем стратешки неуспех.

Ангажманот на Москва во Сирија следуваше една година по нејзината инвазија на украинскиот полуостров Крим, како и нејзината поддршка за сепаратистичките сили во источна Украина.

Москва го искористи својот ангажман и во Сирија и во Украина за да се продаде како сила способна да ги предизвика Соединетите Амероикански Држави(САД), НАТО и западот воопшто, а истовремено да го прошири својот глобален досег од Медитеранот до Африка и до Латинска Америка.

По сеопфатната руска инвазија на Украина во февруари 2022 година, Сирија стана предизвик за Москва како да се одржат воените кампањи на два фронта.

Р. Р.

Зачлени се на нашиот е-билтен