Помина половина од мандатот на градочалниците, а граѓаните не ги гледаат на дело ветените проекти во изборните програми.
Пред 2 години кандидатите излегоа со амбициозни програми за развој на општините, но резултати нема.
Од СДСМ велат дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во над 40 општити не спровеле никакви проекти, напротив, тие само ги покачиле цените на давачките за комунални услуги, за данок на имот…
Во серија прес конференции деновиве, од СДСМ ги набројуваат нереализираните изборни ветувања дадени пред граѓаните од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Бесплатен превоз во Скопје, клучното ветување не е остварено
Во Скопје нема бесплатен градски превоз, клучното ветување не е остварено. Нема нови 250 еколошки автобуси, нема модерен ниту еколошки транспорт.
Прилепчани плаќаат повисоки сметки, а неисполнети останаа ветувањата за реконструкција на важни објекти
Прилепчани плаќаат и до 300 отсто повисок данок на имот во однос на досегашниот.
Новата општинска власт ги покачи сметките за комунални услуги за 67 отсто, а поскапеа паркингот и јавниот градски превоз.
За привремени вработувања потрошени се 700.000 евра, пари на граѓаните на Општина Прилеп, според СДСМ.
Ги нема ветените катни гаражи и нови кружни текови.
Ветената реконструкција на Старата прилепска чаршија, градските плоштади и амфитеатарот во Варош, останаа само проекти на хартија.
Нема бесплатен оброк за учениците до четврто одделение, ниту бесплатни училишни униформи за децата од социјално загрозените семејства.
Повеќе од 250 дечиња и натаму ја чекаат новата детска градинка.
Загаденоста на воздухот достигнува алармантни размери.
Згасна 20-годишната традиција на „Пивофест“.
Повисоки сметки, поскап паркинг за битолчани, нереализирани ветените проекти за ново училиште, нова зграда за пожарникарите, нов спортски комплекс
Покачени се сметките за данок на имот за 300%.
Поскапи паркингот, уникати се слободните 15 минути, а нови паркинг места нема.
Срушени се трафики и затворени мали бизниси од кои стотици битолски семејства егзистираа.
Гасоводот и топловодот се пред Битола, а локалната власт нема изградено една педа од топловодната и гасоводната мрежа низ градот, според СДСМ.
Нема ново основно училиште, нема нова зграда за пожарникарите, нема нов мултифункционален спортски комплекс, нема рекреативен центар во Смолево!
Го нема ниту реконструираниот планинарски дом Копанки.
Не се изградени ветените градинки во Аеродром
Ги нема 4 нови градинки во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче. Го нема ни долго најавуваниот парк Радост на 6000 метри квадратни.
Ги нема ниту новата гимназија, новиот мултифункционален центар со простории за младински центар, новата општинска зграда, како што ги нема и новиот СЦ Пирин и спортската сала во Долно Лисиче. А, ја нема ни кино салата и театарската сцена во Ново Лисиче. Исто така го нема ниту ветениот музеј на МЗТ.
Во Кисела Вода не се гасифицирани училиштата, ветување дадено пред изборите
Во Кисела Вода нема нова Поликлиника, нема нова Провпожарна станица а нема ниту ново основно училишта.
Не е исполнето ниту ветувањето пред граѓаните за гасификација на училиштата.
Нема нов спортски центар со базен а салата Расадник се распаѓа комплетно.
Нема ниту нов стационар за кучиња, нема нови монтажни паркинзи, нема ниту нови мерни станици.
Штипјани плаќаат многу повисоки сметки, поскап паркинг, а ветувањето за огромен градски парк со езера остана само на хартија
Историски најголемо зголемување за 110 % на сметките за собирање смет.
Зголемување на цената за одржување на градското зеленило за 10 пати.
Покачување на цената за паркирање во централното градско подрачје за 50 %.
Нема огромен градски парк со езера, места за спортување и одмор кај Мирјанина црква ниту е решена дивата депонија, а рокот беше 2022 година.
Не е продолжен бул.Партизанска – а рокот беше 2023.
Не е реконстриурана Бања Кежовица а ветувањето беше до 2022.
Не е изградено достоинствено место за претстој на улични животни- рокот беше 2022.
Нема унапредување на условите во зоолошката градина – рокот беше 2022.
Не е направено уредување на вливот на река Отиња во река Брегалница – рок 2022.
Нема набавка на нови компјутери, лаптопи за – рок 2023.
Нема поставување на подземни контејнери кај големите маркети – рок 2022.
Нема нова градинка во Охрид, нема нииту нова станица за отпад и катна гаража
Поголема цена на паркинг, зголемени услуги на градски пазар за 35%. Зголемена е цената и на гробарината и на гробните места за 75%.
Наспроти ветувањата од ДПМНЕ, нема изградба на нова градинка ниту обнова на постоечките. Нема нова станица за отпад, нема нова катна гаража. Не е обновен плоштад Крушевска Република.
Нема нови 4 терени за баскет, нема нови спортски терени. Нема бесплатен превоз за пензионери ниту за лица со посебни потреби. Нема набавка на специјален пловен објект наменет за чистење на Охридско езеро од отпадоци. (Центар.мк)