Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Среќна нова 2025 година! Не дозволувајте лошите вести да ве направат очајни и пасивни

Со почетокот на зимата Скопје, Битола, Тетово и уште неколку други градови во Македонија повторно се соочија со аерозагадувањето. Тоа е лоша вест, а тешките последици од неа и отсуството на ефикасни политики за справување со аерозагадувањето, направи вестите на оваа тема да доминираат и негативно да влијаат на луѓето.

Скопје и другите градови не се единствените во таква состојба и во една таква атмосфера тешко е да се биде оптимист. Но, сепак, во светот има и позитивни вести за животната средина ако знаете каде да ги побарате, иако пронаоѓањето на тие позитивни вести понекогаш може да изгледа како да барате игла во стог сено.

Од друга страна, конструктивните, позитивни вести за животната средина кои се фокусираат на решенија може да не потсетат на она што сѐ може да се направи и да ни даде причина да преземеме акција. Позитивните вести за животната средина можат да биде моќен мотиватор и противотров за парализата што често ја придружува еко-анксиозноста.

Добрите вести инспирираат и поттикнуваат. Со истакнување на решенија и успешни приказни, позитивните вести за животната средина обезбедуваат противтежа на негативните наративи и служат како потсетник дека е можен вистински напредок.

Дали ќе го направиме тој напредок континуирана реалност, зависи од секој од нас. Секој од нас може да најде начин да го даде својот сопствен придонес.

Ви нудиме пет позитивни вести за животната средина кои привлекоа внимание, а кои можеби сте ги пропуштиле.

1. Четири од пет луѓе на глобално ниво сакаат поефикасни акции за животната средина

Еден од ефектите на еколошката анксиозност е тоа што многу луѓе се чувствуваат сами во нивните грижи за планетата. Еве една статистика што може да помогне: 80% од луѓето на глобално ниво сакаат нивната земја да направи повеќе за климатските промени. Во САД тоа е 66%. Во Нигерија тоа е 85%. Во ОК е 84%.

Ова се наодите од неодамнешното истражување на Обединетите нации. Тоа е најголемото самостојно истражување за климатските промени и опфаќа 77 земји кои претставуваат 87% од светската популација. Истражувањето исто така покажа дека 86% од луѓето на глобално ниво сакаат земјите да ги остават разликите настрана за да се справат со климатските промени.

Северна Македонија не била опфатена со ова истражување, но да веруваме дека и во нашата земја е поголем број на луѓето кои се мнозинство во желбата за поактивни мерки за заштита од последиците од климатските промени

Политичарите во моментов заостануваат зад јавното мислење. Затоа е многу важно, ако ние како граѓани се грижите за заштита на планетата за идните генерации, треба да се погрижиме тоа да го разберат и политичарите што ги креираат политиките за заштита на животната средина.

2. Растот на обновливите извори на енергија во некои земји во светот ги надмина фосилните горива

Преминот кон обновливите извори на енергија е уште една светла точка на еколошкиот хоризонт. Сончевата и ветерната енергија се подостапни од кога било, а нивното усвојување се забрзува.

Во 2023 година, глобалниот капацитет на обновлива енергија се зголеми за 50%, што е најбрзата стапка на раст во изминатите две децении. Во 2024 година, растот на обновливата енергија за прв пат ја надмина количината енергија добиена од фосилните горива.

3. Уништувањето на шумите во Амазон на најниско ниво во последните пет години

Еден од најперспективните случувања во зачувувањето на животната средина е заштитата на шумите. Шумите не само што задржуваат големи количини на јаглерод диоксид, туку обезбедуваат и живеалишта за дивиот свет и го подобруваат квалитетот на воздухот.

Земјите ширум светот преземаат чекори за да се справат со уништувањето на шумите и да ги обноват обесшумените области.

Во Бразил, уништувањето на шумите на Амазон забави на најниско ниво во последните пет години во 2023 година. Најголемата тропска прашума во светот доживеа намалување на шумските површини за 51% во периодот од 12 месеци. Обновените програми за зачувување на претседателот Лула, зајакнатите агенции за животна средина и поддршката за правата на домородните, сето тоа прави разлика.

4. Првиот данок на јаглерод во земјоделството – чекор кон промена на начинот на кој се храниме

Во историски потег, владата на Данска во летото 2024 година објави дека од 2030 година, земјоделците ќе плаќаат 16 евра за тон јаглерод диоксид што го испуштаат. Оваа такса ќе се зголеми на 40 евра до 2035 година.

Наплаќањето на земјоделците за загадувањето што го создаваат е револуционерно. Но, зелените групи велат дека тарифата треба да биде многу повисока за да го одрази вистинското влијание на земјоделството за животни на планетата. За да го ставиме во перспектива, министрите велат дека првичната тарифа од 16 евра би додала околу 0,15 евра на цената на едно пакување мелено говедско месо во супермаркетот. Бидејќи и онака се очекува цените да пораснат повеќе од тоа поради инфлацијата, купувачите тешко дека ќе ги забележат ефектите.

Заднината на сето ова е што Данска одгледува огромен број свињи и крави. Резултирачкото загадување (ослободено од почвата, ѓубривото и да, подригнувањето на кравите) има големо влијание врз климата. Другите сектори на економијата на Данска успеаја да ги намалат своите емисии во изминатите неколку години. Сега на ред е земјоделството.

Доколку оди според планот Северна Македонија од 1 јануари 2026 година ќе започне да го применува законот според кој секоја компанија која во својата работа емитива високи количини јалгерод двоокси (CO2) од фосилни горива ќе треба да плаќа дополнителна такса.

5. Природата сега е официјално музичар и заработува од авторски права

Покрај климатската политика, има и позитивни вести за животната средина кога станува збор за профилот на природата во секојдневниот живот.

Преку проектот Sounds Right, музичарите како АУРОРА, Ели Гулдинг и Лондон Гранар се грижат да се препознае придонесот на природата во музиката. Дел од парите кои овие музичари ги заработубваат од стриминг платформите од песни кои вклучуваат звуци од природата одат за проекти за биолошка разновидност во шумите на Колумбија. Покрај тоа што е одличен начин за собирање пари, тоа е и храбар предизвик за начинот на кој размислуваме за природата, што земаме од неа и што ѝ должиме.

Има и други позитивни вести од музичката индустрија. Глобално познатиот бенд Масив Атак се пионерите во музиката кои направија концерт за кој струјата што се користеше беше целосно добиена од обновливи извори на енергија.

Позитивни вести за животната средина се доблесен круг

Како што гледате, добрите вести инспирираат и поттикнуваат. Со истакнување на решенија и успешни приказни, позитивните вести за животната средина обезбедуваат противтежа на негативните наративи и служат како потсетник дека е можен вистински напредок.

Дали ќе направиме тој напредок континуирана реалност, зависи од секој од нас. Секој од нас може да најде начин да го даде својот сопствен придонес.

Среќна нова 2025 година! Не дозволувајте лошите вести да ве направат очајни и пасивни.

Зачлени се на нашиот е-билтен