На социјалните мрежи се шири дезинформација, односно манипулација за наводна изјава на министерот за надворешни работи, Бујар Османи дека македонскиот јазик има дијалекти само на територијата на Северна, но не и во Егејска и Пиринска Македонија и во Албанија. Едни од тие што ја шират оваа лага е актерот Сашо Тасевски и Миленко Неделковски.
Всушност се работи за (ре)објавена вест од пред една година кога Република Северна Македонија достави еднострана изјава за македонскиот јазик до ЕУ, која ќе биде приложена кон записникот од првата политичка меѓувладина конференција, откако претходно тоа го направи и Бугарија.
Тие што шират дезинформации со цел да предизвикаат говор на омраза, всушност не кажуваат дека оваа „изјава“ е од пред една година. Дезинформаторите ја спакуваа „изјавата“ како да е нова.
Мониторин тим на ЦИВИЛ