Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Светот во 2023 година: Живеејќи ја „новата нормалност“

Војната на Русија против Украина го промени светскиот поредок во некои аспекти, вклучително и формирањето на нови блокови, што не е забележано уште од Студената војна

Пишува: Мирјана ВАСИЛЕВА

Во изминативе три години се случија низа настани што ги променија децениските глобални процеси.

Многумина кои што ги следат глобалните меѓународни политички односи оценија дека светот живее во „нова нормалост“, бидејќи промените се дел од реалноста, и дека меѓународната јавност живее период на забрзана промена во некои важни процеси кои го обликуваа светот од почетокот на 90-тите години на минатиот век, па дури и порано.

Војната на Русија против Украина го промени светскиот поредок во некои аспекти, вклучително и формирањето на нови блокови, што не е забележано уште од Студената војна – е оценката на  поголемиот дел на  добрите познавачи на меѓународните  политички  односи,

Според анализите на  дел од светските медиуми, меѓу кои Франс прес, АП, Би-Би-Си… експертите се сложуваат во оценката дека на меѓународен план, изгледите за новата година не се оптимистички, бидејќи покрај војната во Украина и борбата на Израел против Хамас, во 2024 во јануари на островот Тајван  ќе се одржат  претседателски избори.

Тие се закажани за 13 јануари, а актуелниот потпретседател Вилијам Лаи се смета за фаворит и тој ќе го продолжи курсот на независност предводен од актуелниот шеф на државата Каи Ингвен, кој не може повторно да се кандидира.

За време на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на САД, на средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден јасно стави до знаење дека Кина не се откажува од Тајван.

„Мирот е нешто што е добро, но во одреден момент ќе мора да се придвижиме кон сеопфатно решение“,  му рекол  Си, откако Бајден се заложил  за одржување на статус кво во конфликтот во Тајван.

Инаку ,Вашингтон го признава Тајван како дел од Кина, но во исто време има бројни сојузни договори со тој остров. Така, кинеската воена операција против Тајван ќе доведе до директна конфронтација меѓу двете најважни светски сили.

Ваква ескалација досега беше избегната во Украина.

Претседателски избори во Русија и Украина

Претседателски избори во  2024  година   на 17 март  ќе се одржат во Русија и според најавите се чини дека Владимир Путин ќе го добие новиот шестгодишен мандат и тоа како независен кандидат,

Во Украина, пак,  мандатот на претседателот Володимир Зеленски истекува на пролет, но украинскиот устав забранува избори во време на војна, па неговиот мандат може да биде продолжен.

И поради  овие факти се чини дека нема да има промена на ситуацијата во Украина.

Претседателски избори во САД

Најважните избори во годината се закажани за 5 ноември, кога граѓаните на САД ќе изберат нов претседател,  Демократите го номинараа актуелниот претседателЏо Бајден, а републиканците  и покрај тоа што Трамп се соочува со повеке обвинение, не одстапува од намерата повторно да се врати во Белата куќа.

Прогнозите се дека доколку демократскиот претставник во случајот Бајден  изгуби ,големи последици ќе се почувствуваат во понатамошниот тек на војната во Украина, бидејќи републиканците се многу критични за американската поддршка за владата во Киев.

Според истражувањата  на штабот на Трамп, резулататите од анкетите покажуваат дека Трамп би можел да победи на републиканските прелиминарни избори во Ајова на 14 јануари и Њу Хемпшир на 22 јануари.

Исто така во директен дуел, според истражувањата, тој е пред Бајден.

Дел од американските медиуми  информираат што би било  кога би победил  Трамп  тогаш тој  би бил вториот претседател во историјата на САД кој би успеал да се врати на претседателската фотелја,  како што му се случи  на  демократот Гровер Кливленд, кој во 1892 година го победи тогашниот претседател Бенџамин Харисон, кој го победи. на претседателските избори четири години претходно.

Во 2020 година, Трамп беше првиот претседател на САД во изминатите три децении кој не беше реизбран за втор мандат.

Брисел во втората половина на 2024 година ке ги организира изборите на Европската Унија

Во Европската унија од 6 до 9 јуни граѓаните ќе го избираат новиот состав на Европскиот парламент.

Се избираат 720 пратеници од 27 земји,и според  истражувачите  центри за испитување на јавното европско мнение  прогонозирањата се дека   не се очекуваат големи политички промени на европско ниво, бидејќи ЕПП, социјалдемократите и либералите ќе го задржат мнозинството, иако на десничарските популисти им се предвидува голем успех, но тие се поделени во бројни фракции.

Доколку Европската народна партија (ЕПП) повторно  би ја задржала сегашната позицијата како  најсилната политичка сила во Европскиот парламент,  се шпекулира дека во игра можеби ќе остане името на европремиерката Урсула фон дер Лајен да остане претседател на Европската комисија и покрај тоа што  неодамна францускиот претседател Емануел Макрон го предложи поранешниот италијански премиер Марио Драги за шеф на Европската комисија.

Промена во Брисел дефинитивно ќе има, бидејќи Шарл Мишел по два мандати не сака да остане на функцијата претседател на Советот на ЕУ.

2024 година претседавањето со ЕУ од Шпанија го превзема Белгија.

Инаку, следната година со ЕУ ќе претседава Белгија, а потоа Унгарија. Унгарското претседателство може да предизвика политички тензии, бидејќи Европскиот парламент гласаше за повлекување на агендата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Исто така, со големо внимание  експертите за миграционата политика се во исчекување дали следната година ќе успее договорот за пактот на ЕУ за миграција и азил.

Се очекува конкретна изјава и од новата Европска комисија, дали во нејзиниот мандат може да се очекува првиот дефинитивен чекор за проширување кон Западен Балкан.

Во Европа, следната година ќе се одржат избори во Велика Британија, Северна Македонија, Португалија, Белгија, Хрватска, како и во Романија.

Избори 2024 и во другите европски земји

Во Велика Британија се очекува промена на власта, а Лабуристичката партија по 14 години опозиција би можела да се врати на власт, а премиерската позиција да ја преземе нивниот лидер Кир Стармер, кој се залага за поблиски односи со ЕУ.

Претседателските избори ќе се одржат во Финска, Словачка и Романија, а во сите три земји актуелните претседатели не влегуваат во изборната трка.

Во Финска, поранешниот министер за надворешни работи Пека Хависто се обидува по трет пат да стане првиот претседател во историјата на земјата од редовите на зелените, но има силна конкуренција и во поранешниот премиер Александар Стуб и поранешниот европски комесар Оли Рено. како десничарскиот популист Јусија Хала-ахо.

Во Словачка поранешните министри за надворешни работи Иван Корчкок и Јан Кубиш се обидуваат да ја добијат довербата на граѓаните и на тој начин да ја сменат претседателката Зузана Чапутова.

Се шпекулира и дека во изборната трка би можел да влезе и премиерот Роберт Фицо.

 Западен Блакан и предизвиците

 Анализите на Фрас прес посочуваат дека ситуацијата на Западен Балкан може да остане „експлозивна“.

Откако тензиите меѓу Белград и Приштина очигледно се зголемија оваа година во септември, кога Србија и Косово беа на работ на отворен конфликт, оптимистите се надеваат на враќање на договорите за нормализација постигнати со посредство на ЕУ.

Песимистите, пак, стравуваат дека ситуацијата во Босна и Херцеговина може да ескалира, бидејќи претседателот на РС, Милорад Додик, е обвинет за отворен напад врз високиот претставник на меѓународната заедница, Кристијан Шмит.

2024 година година на јубилеи

Новата 2024 година носи и  неколку занчајни jубилеi – во мај ќе се навршат 20 години од големото ширење на ЕУ на исток, во јуни – 30 години од референдумот за пристапување на Австрија во ЕУ, во април 75-годишнина од основањето на НАТО, а во мај седум и пол децении од формирањето на Советот на Европа и формирањето на Сојузна Република Германија.

Една од горливите прашања  не се само конфликти во Украина и на Блискиот Исток, туку и граѓански војни, бунтови и државни удари во десетици земји во Африка, Азија и Јужна Америка, како и сè почести  климатски катастрофи, масовни миграции милиони бегалци и закана од нови пандемии.

На ова можеме да ја додадеме долгорочната инфлација, застрашувачкиот потенцијал на вештачката интелигенција, падот на довербата во западната демократија и политичката парализа во Вашингтон, како и реалната можност за војна за контрола на Тајван. „Ова е убедливо најтешката и најсложена инвестициска средина во последните 30 години – многу посложена од глобалната финансиска криза“, оценија добрите познавачи на глобалниот свет, И во анализата на  Пјер Разу, директор на тинк-тенкот ФМЕС од Франција.     меѓу другото  се вели дека војните ја влошија постоечката глобална тенденција за формирање блокови околу Вашингтон и Пекинг.

Војната во Украина дополнително ги разниша работите, ослабувајќи го руското влијание во поранешните советски републики Централна Азија и ѝ дозволи на Турција нова улога како посредник.

„Оваа хаотична реорганизација е реална, но веројатно привремена“, рече Пјер Разу, директорот на тинк-тенкот ФМЕС од Франција.

Зачлени се на нашиот е-билтен