Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Техничкиот министер за внатрешни работи креира мега кабинет

ЦИВИЛ дојде до информации дека новоназначениот технички министер за внатрешни работи, за само неколку дена го зголеми обемот на својот кабинет за повеќе од два и пол пати. Тој во својот мега кабинет распоредува 16 вработени во министерството и дополнително ангажира две лица од надвор, односно вкупно 18 лица, стои во извештајот за изборниот мониторинг на ЦИВИЛ.

„Се работи за крајно невообичаена постапка, ако се има предвид дека мандатот на министерот, а со тоа и на советниците е само сто дена, а особено ако се има предвид дека министерот за внатрешни работи во редовниот состав на владата имаше вкупно шест советници, вклучително и шефот на кабинет“, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

Според Дерала, ЦИВИЛ упати прашање до МВР и до кабинетот на техничкиот министер за внатрешни работи, но до почетокот на прес конференцијата, не доби никаков одговор.

ЦМТ

Зачлени се на нашиот е-билтен