Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Топ-20 листа на среќни градови во светот, данскиот „Град на насмевките“ на врвот

Архус, Данска

Што го прави човекот среќен во својот град? Некои луѓе сакаат зелени површини, други – жив ноќен живот, а трети, пак, би сакале хармонична рамнотежа на тие два фактора… Како и други нешта коишто што треба да се земаат предвид. Индексот на среќни градови ги анализира сите тие фактори за да го процени квалитетот на животот на жителите во еден град.

Во истражувањето, се вели дека животот и чувството на среќа кај луѓето може да се групираат во пет категории: Граѓани, управување, животна средина, економија и движење.

Градовите во Европа целосно доминираат меѓу првите 20 оваа година. Вкупно 19 од првите 20 на топ-листата најсреќни градови во светот, се европски, но градот Архус – вториот по големина во Данска, осамна на врвот. Можеби не е толку познат како Копенхаген (којшто се најде на место бр. 8), но веќе е познат како „Градот на насмевките“, главно благодарение на радоста што луѓето ја чувствуваат – меѓу другото и поради неговата единствена местоположба – на врвот на еден рид.

Освен двата дански града, на топ-20 списокот се наоѓаат и: Цирих, Швајцарија; Берлин, Германија; Готенбург, Шведска; Амстердам, Холандија; Хелсинки, Финска; Бристол, Велика Британија; Женева, Швајцарија; Минхен, Германија; Стокхолм, Шведска; Ротердам, Холандија; Оулу, Финска; Виена, Австрија; Единбург, Велика Британија; Рејкјавик, Исланд; Алборг, Данска; Минеаполис, САД; Базел, Швајцарија и Алесунд, Норвешка. (МИА)

Треба да знаете
Moже да ве интересира