Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[ВИДЕО] Не смееме да го игнорираме насилството околу нас

Иако постојат големи мрежи на солидарност денес кои ги охрабруваат жените и девојките кои што искусиле некакво насилство или се жртви, да се охрабрат и отворено да зборуваат, сепак имаме уште многу работа на ова поле, сметаат Сара Миленковска и Иван Дургуров, како активистите кои се приклучија на кампањата “Сложувалка” во рамките на 16 денови активизам за борба против насилството врз жената.

Кампањата “Сложувалка” во рамките на „16 денови активизам за борба против насилството врз жената“ ја спроведува Министерството за труд и социјална политика заедно со канцелариите на УНФПА во Северна Македонија со поддршка од Британската амбасада.

– Мислам дека жените не се охрабруваат доволно и треба да работиме многу повеќе и многу по директно на сите нивоа во општеството. Мора да ја промениме културата на комуникација, мора да работиме на начин на кој што кога некој се охрабрува да го сподели своето искуство, да не го осудуваме. Тоа е првиот почеток и вториот уште позначаен е да не бидеме неми сведоци кога ова се случува, туку да адресираме, да посочиме дека треба да се прават работите подобро и дека треба да превенираме и заштитиме секого кого можеме од овие форми на насилство – вели Сара.

Кога станува збор за насилство, особено за родово базирано насилство, според неа мора да се размислува и за процесот на заздравување, процесот на надминување на овие форми на насилство и процесот на соочување со тоа што ни се случило. Затоа, вели Сара фокусот  треба да е повеќе на солидарноста која има потенцијал да се развие. Доколку пак го игнорираме насилството, дозволуваме тоа секојдневно да се развие околу нас.

– Кога ова прашање не го сметаме како релевантно и важно и како суштинско, тука веќе придонесуваме насилството да биде на повисок степен во нашето општество. Ги користам зборовите на луѓето околу мене и кога тие пробуваат да не замолчат, ние треба уште повеќе да зборуваме – објаснува Сара

Во рамките на кампањата беше објавено и истражувањето изработено од  Младинскиот совет на Амбасадата на САД за сајбер малтретирањето и неговата поврзаност со квалтетот на живот и менталното здравје кај младите.

– Бројките до кои што дојдовме се различни. Она што е можеби нај фрапантно  и некои работи кои што можам да ги сподела се следните а тоа е дека увидовме директна поврзаност помеѓу жртвите на дигитално  насилство  и нивната состојба во полед на менталното здраје. Што сакам да кажам со ова? Кога кон некој се однесуваме насилно во дигиталниот простор, не само што тој човек преставува жртва, туки едноставно тој човек понатаму има потешкотии со своето ментално здравје поврзано со насилството кое го доживеал во дигиталниот простор – вели Иван Дургуров, млад европски амбасадор и член на младински совет на Амбасада на САД.

Зачлени се на нашиот е-билтен