И за случајот во Србија со убиството на малата Данка, повеќе медиуми во земјава и регионот објавуваа многу шпекулации и погрешни информации.
На пример, на 4 април 2024 неколку медиуми во земјава објавија наслови дека медиумите во Србија објавиле фотографии од осомничените за убиството на Данка. Агенцијата „Макфакс“ објави текст за „вториот убиец на Данка“, илустриран со фотографија на човек во црно-жолта јакна, а истата фотографија беше објавена и во повеќе други текстови во македонски медиуми.
Но, како што укажаа проверувачите на факти од „Вистиномер“ на 8 април 2024, станува збор за „Фотографија од погрешен човек објавена како да е од осомничен за убиството на малата Данка“. Во изјава за „Вистиномер“, тој потврдил дека неговата фотографија е злоупотребена, дека не е осомничен за убиството, туку е објавен по грешка и дека размислува дали ќе ги тужи медиумите за штетата што му е причинета.
Неколку српски медиуми му се извинија на семејството заради ненамерната грешка и ја повлекоа фотографијата. Меѓутоа, најголем дел од македонските медиуми не ја повлекоа погрешната фотографија и не се извинија за грешката.
И овој случај покажува дека медиумите треба да ги проверуваат не само информациите, туку и фотографиите, за да не ги прекршат новинарските стандарди и човековите права. Освен тоа, нивна обврска е да се извинат за направените грешки и да ја минимизираат штетата од погрешно објавените информации.
(СМК)