Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВМРО-ДПМНЕ без конкретна понуда, го „пумпа“ народот со национализам

„Изборната кампања официјално не е почната но јасно е дека и за овие избори наместо програми и проекти за подобар живот – партиите на граѓаните за жал и овој пaт ќе им сервираат национализам како проверена понуда која ќе им донесе гласови“, вели политичкиот аналитичар и долгогодишен новинар Ацо Кабранов, анализирајќи го опозицискиот наратив на ВМРО-ДПМНЕ на спроти европскиот концепт и проекти што ги нудата партиите од владиното мнозинство.

-Така ќе биде се додека граѓаните дозволуваат нивниот глас да заврши на контото на тие што шират национализам и си играат со нивната безбедност, наместо понуда за подобар живот. Мислам дека и на овие избори место гласови за квалитетна понуда – граѓаните ќе гласаат за оние што ќе им продаваат популизам и национализам. Според мене проблемот е и во нас граѓаните што се палиме на тоа место од партиите да бараме понуди кои ќе ни овозможат подобар и достоинствен живот, вели Кабранов во изјава за „Фронтлајн“.

Исмет Рамадани од Евроатланскиот совет на Северна Македонија вели дека секаде во демократските општества опозицијата ја критикува власта и ги нагласува нејзините евентуални слабости, но додава, дека тоа не е случај и во нашата држава.

– Ако опозицијата не се произнесува за јасна визија, тогаш таа опозиција се квалификува како деструктивна. Таа мора да понуди јасна и искрена алтернатива пред граѓаните, посебно кога има јавни индикативни постапки кои се под влијание на Путиновата Русија. Фактот дека се опструира продолжувањето на преговорите со ЕУ – со противењето да се гласа за уставните измени, без конкретна алтернативно решение, алудира на замајување на граѓаните се до чинот на гласање, без јасна перспектива за државата, изјави Рамадани за „Фронтлајн“.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот деструктивен ултранационалистички тандем Левица низ целиот мандат на актуелниот состав брутално ја опструираа работата на Собранието, а со тоа им наштетија на граѓаните при носењето на законите неопходни за општествено-економските текови. Христијан Мицкоски и неговиот тандем Димитар Апасиев со противењето на уставните измени го спречуваат и непречениот напредок на Северна Македонија кон Европската унија, а со тоа се позиционират зад анти-ЕУ силите, кои не сакаат членство на земјата во големото европско семејство – сакаат да ја насочат кон Путиновата Москва, како и да и го сменат стратегискиот правец на Северна Македонија од ЕУ и САД кон Русија и Кина.

Мандатот на актуелниот шеф на државата завршува на 12 мај, а дотогаш нема да има време да се конституира новото собрание. Затоа на 12 мај ќе има седница за инаугурирање на новиот претседател, само доколку не бидат поднесени жалби кои би можеле да го променат изборниот резултат.

Последните претседателски избори се одржаа во 2019, а парламентарните во 2020 година. Изборите на 8 мај ќе бидат 11 парламентарни од осамостојувањето на државата, додека претседател ќе се бира по седми пат, вклучувајќи го и првиот од двата мандата на Киро Глигоров кој беше даден врз основа на избор од страна на Собранието согласно тогашните уставни решенија.

Дестан Јонузи (Фронтлајн)

Зачлени се на нашиот е-билтен