Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Внатрешните конфликти во Израел може да предизвикаат дополнителни тензии во невралгичниот регион

Израел има свои длабоки внатрешни поделби, како и секоја земја, но тоа е сериозна главоболка за САД заради политички трусниот регион.

Мирјана ВАСИЛЕВА

Во Израел продолжуваат протестите за и против владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху и покрај тоа што тој лично најави дека го суспендира, односно привремено го замрзнува предлог-законот со кој се менува составот на Комитетот за именување судии и дека е подготвен да даде „реална можност за вистински дијалог“ за судските реформи на владата, кои ја втурнаа земјата во криза на невидени превирања и граѓански немири.

Oваа уследи по неколку часовните тензични преговори, кога министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир се закани дека ќе ја напушти владата доколку донесувањето на законот не се одвива според планираното, додека десетици илјади противници на реформите во правосудството протестираа пред зградата на Кнесетот. Нетанјаху на крајот ја обезбеди поддршката на Бен-Гвир откако вети дека владата ќе го одобри трансферот на израелската Национална гарда во министерството на Бен-Гвир на следниот состанок во недела. Премиерот го критикуваше „екстремното“ малцинство меѓу противниците на реформите, споредувајќи ги со мајка која е подготвена да го жртвува своето дете во познатата библиска приказна за судењето на Соломон. Одбивањето да се повика резервната служба сигнализира „крај на нашата земја“, а оние кои го поддржуваат или повикуваат на анархија и насилство, се подготвени да ја распарчат земјата, рече Нетанјаху, додавајќи дека земјата е на „опасен пат“ и дека тој нема да дозволи да западне во граѓанска војна.

Но што всушност  се случува во Ираел, бидејки досега јавноста  со години  ја следеше Блискоисточната криза во  контекст  на еврејско-палестинскиот конфликт, а многу малку се обрнуваше внимание на внатрешната политичка динамика во оваа земја.

Во случајот со  протестите во оваа земја  на виделина избија внтарешните  политички неусогласувања кои што достигнаа драматични рамери. Но, според добите познавачи на состојбите,  тоа и не е нов конфликт, бидејќи  сето ова време таквата состојба се наоѓала  во втор план, барем што се однесува до светската јавност. Израел има свои длабоки внатрешни поделби, како и секоја земја, а во последните години тие нагло се заострија по линијата на конфронтација меѓу либералите и конзервативците.

Долгогодишниот премиер Бенјамин Нетанјаху беше позициониран приближно некаде  десно, но тоа многу се смени по неговиот пад, а особено по неговото враќање на власт, затоа што владата што го презеде раководството на земјата меѓу умерената  и радикалната страна.

Нетанјаху ја одложи одлуката за реформи во судството од страв да не му се растури неговата коалиција и да го елиминира насилството

Партијата Ликуд на Нетанјаху е преголема за да биде  едноставно  исфрлена од израелската политичка сцена и покрај сите скандали и на сопартијците и на самиот премиер Нетанјаху, кој тврди дека нема никаква врска со тоа, односно дека тоа се  само политички исценирани процеси против него.

За да се врати на власт, тој мораше да потпише договор  со екстремната десница, со партии за кои многумина мислеа дека никогаш, под никакви околности, нема  да можат да дојдат до позиција на моќ.

Критичарите на  Нетанјаху  веднаш по  изборите рекоа дека  отворајки им ја  вратата на екстремистите тој прифатил да се стекне со имунитет можеби  поради коруптивните скандали да не заврши во затвор.

Од своја перспектива, оценија аналитичарите, од перспектива на десницата, тие дојдоа на власт не само за да го спасат Нетанјаху, кој што им ја отвори вратата, туку и со цел да извршат темелна трансформација на земјата во овој краток период, почнувајќи со партизација на независното судство.

Остануваат да висат прашањата што се случува во израелскаото општество, особено кога се знае дека досега Нетанјаху беше  најголем соузник на Американците и со години беше човек од американска доверба. Актуелниот претседател Џо Бајден е близок со него, Трамп беше исто така, Обама  тесно соработуваше со него (иако двајцата навистина не се согласуваа). Така, Нетанјаху со години е симбол на американската лојалност кон Израел и обратно. Соединетите Американски Држави сѐ уште се загрижени за ситуацијата во Израел, а претседателот Џо Бајден ги споделил своите стравови за предложената судска реформа директно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Нетанјаху сепак ја одложи одлуката за жестоко оспорените планови за реформи во судството до следниот месец, поради стравувањата дека најтешката криза во последните години може да ја растури неговата коалиција или да ескалира во насилство. Во меѓувреме израелскиот премиер до крајот на неделата на покана на Белата Кука ќе отпатува  за Вашингтон да учествува  на Самитот на демократијата, притоа оставајки ја земјата во  неизвесност, бидејки протестите и понатаму се во тек, иако не со истиот интензитет со што останува како ќе се реши  кризата   во разбурканиот Блиски Исток.

Ова е многу важно да се има предвид заради пословичната невралгичност на регионот на што укажува поранешниот амбасадор на Сад во Израел  Мартин Индик кој за ескалацијата во оваа земја предупредува дека „непријателите на Израел го гледаат ова, ги тријат рацете и се радуваат. Тоа влијае и на националните безбедносни интереси на САД бидејќи од Израел зависи стабилизацијата на регионот“.

Јасно е дека амбасадорот Индик кога говори за „безбедносните интереси на САД“ мисли на заканите што доаѓаат од Иран, иако аналитичарите велат дека без разлика која партиска структура ќе превладее во Израел, тие сите без исклучок се анти-ирански.

И ако за ова прашање нема дилеми, компромисот што Нетанјаху го направи со коалиционите партнер од екстремната десница за реформите во судството ги крена Израелците на нозе и со тоа стави знак прашалник за   влаеењето на Нетанјаху со што најавија дека е сосема можно земјата да се најде пред нови избори.

Најново