Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Внимание: Граѓаните сакаат искрени политичари, кои ќе ги привлечат младите

Инспирирани од веста дека „годинава на избори ќе излезат 2 милијарди луѓе во 50 држави меѓу кои и Македонија“, екипата на Внимание ги прашува граѓаните дали и колку се мотивирани да излезат да гласаат.

На прашањето, „Зошто е важно да се гласа“, една граѓанка вели: „Важно е, секое гласање е важно, па и ова“. На прашањето, „Што може да ве поттикне да излезете да гласате?“, еден граѓанин вели „Некоја смена во програмите, засега отприлика се од сите партии исти. Треба нешто ново“.

На прашањето „Каква кампања треба да водат политичарите за да привлечат повеќе гласачи“, граѓаните велат: „Да бидат искрени“, „Вистинска, каде што ќе има значење позади она што ќе го кажат“, „црна кампања воопшто не е пожелна“, „да не се плукаат, преку глава ни е на сите од тоа“, „па треба да ги привлечат првично младите“, „да се повеќе меѓу граѓаните и да има повеќе дуели меѓу кандидатите“…

Граѓаните даваат одговори и на прашањето, ако би биле кандидат за избори, кој би бил вашиот слоган, вашата порака до граѓаните?

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

(Трн)

Зачлени се на нашиот е-билтен