Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Внимание: На Прилеп му фали нојчен живот, појче култура и појче народ

Екипата на „Внимание“ под „маркукуле“, во градот на Крали Марко, градот херој, градот на Цепенков, на Итар Пејо, градот на мајтапот, на тутуно, на мермеро, градот на карневалот, на театарот и фестивалот Чернодрински ги праша прилепчани: Дали Прилеп во јуни е повеќе град на театаро или град на тутуно? Прилепчани одговорија дека во јуни Прилеп бил појќе град на театарот.

На прашањето: „Што е појако во Прилеп – мајтапо или инаето?“, некои велат „И двете“. „Инаето е страшен овдека, ама мајтапо е појак“, вели еден млад прилепчанец.

„Со прилепчанец не се излегува накрај, инаето и мајтапо му се, така, на врвно ниво“, кажува друг. „Нема инает тука, ние сме само упорна нација“, констатира една млада прилепчанка.

Од друга страна, на прашањето – Дали е точно дека ако немаш прекар не си “од Прилеп“? – една прилепчанка вели: „Мислам дека не е точно, еве јас лично немам прекар“. Ама, повеќето прилепчани велат – точно е, а еден „Појќе од вистина!“

Прилепчани одговараат и на прашањето „Кој е најпознат прилепчанец или прилепчанка во историјата?“ Победник во анкетата е – Џумерко, во јака конкуренција со Итар Пејо, Цепенков и Крали Марко!

На прашањето „Што му фали на Прилеп?“ младите прилепчани велат „Нојчен живот, појче култура, и појче народ“, „На Прилеп му фали нојчен живот, и младина му фали“, „Да биди нешто малце појче како Скопје шо е“.

На прашањето што би смениле, младите велат: „Би изградил театар“, „Појќе локали за ноќна музика“, „Кино да има, пошто имаме ама не функционира реално“.

На прашањето кој е најјакиот прекар што го чуле, прилепчани дадоа јаки примери за прилепскио мајтап: „Жилето, го викале жилето, затоа што бил метро и жилет“; „Чошо – оти се вика Ивица!“; „Голомаде!!!“ ‎

Зачлени се на нашиот е-билтен