Актуелната ситуација во Израел и Палестина, којашто со секој ден станува подраматична и којашто малку фали да се прелее и во регионот и пошироко, е сериозно прашање за внатрешната безбедност на земјите-членки на ЕУ.
Мирјана ВАСИЛЕВА
Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург одлучуваа дали Шенген треба да биде суспендиран привремено, откако повеќето држави на унијата одлучија да ја враќаат полицијата на границите заради заканата од тероризам која се зголеми по воениот суир меѓу Израел и Хамас.
Дали после Луксембург и вонредниот состанок министрите за внатрешни работи ќе се донесе привремена суспензија на Шенген зоната, останува да се види, но причините поради кои оваа мерка може да се случи е многу посериозна од претходните случаи, онаа со ковид пандемијата и онаа со мигрантите со големиот бран од 2015 година.
Актуелната ситуација во Израел и Палестина, којашто со секој ден станува подраматична и којашто малку фали да се прелее и во регионот и пошироко, е сериозно прашање за внатрешната безбедност на земјите-членки на ЕУ.
Дополнителна причина на загриженост се неодамнешните настани кога две лица загинаа во терористички напад во Брисел, а во Франција, пак, кога радикализиран исламист го уби својот професор на северот на земјата. Неколку дена веќе повеќе аеродроми во Франција и во други земји беа евакуирани по дојави за бомби испратени по електронска пошта. Поради зголемената опасност од нов напад, безбедносната тревога во повеќе земји на ЕУ е подигната на највисоко ниво.
Во пресрет на Луксембуршкиот состанок, шпанското претседателство ги извести министрите за тоа како напредуваат преговорите меѓу Советот и Парламентот за усогласување на законодавните текстови за миграција и азил. со задача министрите подетално да ја анализираат надворешната димензија на миграцијата, односно соработката со земјите од кои доаѓаат мигрантите и транзитните земји, бидејќи и нелегалната миграција е уште една причина за „подзатворање“ на границите во Шенген зоната.
Заканите од тероризам и миграцискиот бран ги менуваатѕ работите
Заканите од тероризмот ги менуваат работите. Словенија воведува контрола на границата со Хрватска, но според досегашните агенциски информации кон привременото воведување контроли во рамките на Шенген зоната, прибегнуваат и други членки на ЕУ. Италија ја извести Словенија дека првично ќе воведе гранични контроли за десет дена со можност за продолжување. Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси го информирал својот словенечки колега Боштјан Поклукар дека суштината на воведувањето на оваа привремена мерка е спречување на тероризмот и организираниот криминал.
Словенечките емдиуми, информираа за тоа дека двајцата министри се согласија дека западнобалканската рута, која внимателно ја следат словенечките и италијанските безбедносни служби, може да биде атрактивен коридор за потенцијална радикализација,
Австрија воведе гранични контроли со Словенија и Унгарија уште во 2015 година, а владата поради актуелната состојба одлучи да ја продолжи граничната контрола до мај следата година. Минатата недела и Германија воведе контроли и на границата со Полска и кон Швајцарија и Австрија. Контроли на внатрешните граници на Шенген зоната вршат и Данска, Франција, Норвешка и Шведска.
ЕУ експертите велата дека Шенгенскиот кодекс им дозволува на земјите-членки да ја вратат внатрешната контрола во некои вонредни ситуации, но тоа не значи враќање на граничните контроли како што беа пред да влезат во Шенген.
На оваа тема претходно Европската комисија изнесе предлози за побрз и поодлучен одговор на овие предизвици, вклучително и ревизија на сегашниот механизам за визи, бидејќи во моментов тој може да се активира само во посебни случаи, на ненадејно и значително зголемување на илегалната миграција или безбедносните закани.
Само една петтина од оние на кои им е одбиен азил се депортирани од земјите-членки. На ова го потсети неодамнешниот терористички напад во Брисел, каде што сторителот беше лице чие барање за азил беше одбиено пред три години и кое доби наредба да ја напушти Белгија, но „исчезна од радарот на полицијата“.
ЕУ бара и другите земји од Западен Балкан да потпишат договори со Фронтекс, освен Македонија
Брисел треба што повеќе да се фокусира на Западен Балкан зајакнувајки ги капацитетите со цел да можат овие земји да контролираат кој им доаѓа во државата на нивните надворешни граници. Фронтекс има потпишано договор со Северна Македонија, а прговара и со Србија. Таков документ не е потпишан со Босна и Херзеговина, од причина што за време на преговорите се појавија потешкотии.
Еврокомесарката Илва Јохансон во Луксембург потсети дека Европската комисија изнела предлози за побрз и поодлучен одговор на овие предизвици.
„Мораме да работиме со земјите на потекло на мигрантите за враќање на нивните граѓани, но во исто време мораме да бидеме подобри и поефикасни, да ги забрзаме соодветните процедури и да ги направиме депортациите ефективни“, изјави Јохансон.
Само една петтина од оние на кои им е одбиен азил се депортирани од земјите-членки. На ова го потсети неодамнешниот терористички напад во Брисел, каде што сторителот беше лице чие барање за азил беше одбиено пред три години и кое доби наредба да ја напушти Белгија, но „исчезна од радарот на полицијата“.
Според евиденцијата на Евростат, земјите членки на Унијата неколку пати привремено ја суспендираа Шенген зоната. Еднаш тоа се случи во 2015 та година, за време на големиот мигрантски бран во Европа, а потоа и за време на корона епедимијата.
Во исчекување на стапување во сила на новите правила на Унијата за средување на состојбата околу спектарот прашања за актуелната миграција и заканите од тероризам и за тоа поефикасно да се зашититат надворешните граници на ЕУ, во новиот европски план кој треба да стапи во сила идната година се предвидува и справување со големата организирана мрежа за криумчарење на мигрантите, која што низ годините, зарботувајќи на маката на луѓето, функционира како холдинг организација.