Во гостување на Топ Тема, енергетичарот Митко Андреевски истакна дека со сегашната ситуација на Блискиот Исток, САД ќе бидат тие што ќе преземат одреден дел од снабдувањето со нафта на Европа.
„Ќе потсетам дека продуктоводот меѓу Грција и Македонија е под покровителство на САД. Тие бараат сигурност дека тој продуктовод ќе биде исплатлив и ќе го спречи црниот пазар на достава на нафта и нафтени деривати од Грција преку копнен транспорт. Така што, тие имаат сериозно влијание и во регионот. Второ, за снабдување со природниот гас ќе видите дека двата терминали во Грција се исто така снабдувани од природен гас кој доаѓа од американски компании, без разлика каде го втечнуваат и од каде го земаат тој гас. Дали од делови во Африка каде што во моментов има сериозно количество на природен гас. Тука треба да се напомене дека развојот на регионот од класичните хоризонатлни гасоводи почнува да се градат вертикални. Вертикални кои од југот на континентнот ќе транспортираат кон северот. Таков е случајот меѓу гасоводот меѓу Грција и Бугарија“ порача Андреевски.
Понатаму, Андреевски се осврна и на енергетскиот сектор во регионот и влијанието на САД.
„Во изминативе 3-4 месеци и Бугарија и Србија и Унгарија имаат пробем со инвестициите на ГАСПРОМ. Беа притиснати од санкции од САД да го запрат производството или да ги приватизираат, препродадат итн. Јас мислам дека Американците имаат свој џокер за снабдување со нафта во регионов, односно имаат цела стратегија“ порача Андреевски.