Откако постигна историски врв од над 12.000 долари за тон во 2024 година, годинава цената на какаото падна на пoд 7.000 долари за тон, што го направи една од берзанските суровини со најлоши перформанси во 2025 година, пишува во анализата за трендовите на цените на светските берзи и какви се прогнозите за идниот период Блумберг Адрија.
Фјучерсите на какао паднаа на 10-месечен минимум на Њујоршката берза, откако почетокот на жетвата во Брегот на Слоновата Коска, најголемиот светски производител, навестува дека понудата на краток рок ќе се зголеми.
Од друга страна, просечната цена на килограм пржено кафе во зрно во Македонија пораснала од 662 денари во јануари на 841 денар во август годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Станува збор за драстично зголемување од почетокот на годинава иако во август има благо намалување на цената во однос на јули (за пет денари по килограм).