Блумберг: Македонците сѐ повеќе користат банкарски сефови – слободни речиси нема

Блумберг

Во време на геополитичка неизвесност, висока инфлација и зголемена недоверба во дигиталната безбедност, старата банкарска услуга – закуп на сеф – повторно се враќа во фокусот на клиентите во Македонија, пишува угледниот медиум за финансиски и економски прашања „Блуберг Адриа“.

Иако со децении важеше за услуга резервирана за мал круг клиенти, денес сè почесто се користи од граѓани што сакаат физички да ги заштитат своите највредни предмети: готовина, накит, злато, важни документи, тестаменти, па дури и дигитални носачи со чувствителни податоци.

Банките, од своја страна, тивко забележуваат раст на побарувачката, особено по кризите од последните неколку години – пандемијата, војната во Украина и растот на каматните стапки, кои ја зголемија склоноста кон „материјална сигурност“. „Интересот на граѓаните за оваа услуга е доста висок, особено последниве години забележуваме зголемен интерес“, велат од „Халкбанк“.

Зачлени се на нашиот е-билтен