Експерти за Блумберг: Задолженоста на македонската економија е висока

Блумберг

Министерството за финансии ја ревидираше фискалната стратегија за периодот од 2026 до 2030 година. Според документот што е веќе доставен до Собранието, ревидираната стратегија покажува „одредени отстапувања што се однесува до макроекономските позиции“.

Стратегијата проектира повисоки стапки на јавниот долг во 2029 и 2030 година, но тие ќе останат под критериумот за долг под 60 отсто од БДП. Сепак, според експертите, и ова ниво на задолженост за македонската економија е високо, пишува денеска Блумберг.

Според универзитетскиот професор Борче Треновски, мора да се внимава на зголемувањето на задолжувањето затоа што со вакво темпо на среден рок земјата може да се најде во незавидна положба.

„Нашата процена е дека оптимално ниво на задолжување на нашата економија е 50-55 отсто од БДП. Над тоа ниво влегуваме во ситуација кога се задолжуваме за да се раздолжуваме“, вели тој.

Зачлени се на нашиот е-билтен