Земјата е пред економски колапс, а со недостатокот од волја за соочување и решавање на економските предизвици, владата одбива и дијалог во Собранието за заедничко изнаоѓање решенија за излез од оваа состојба. 2025 година со ВМРО-ДПМНЕ беше тешка, 2026 ќе биде уште потешка.
Ова го истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на брифингот со новинарите. Тој потсети дека актуелната влада ги остави работниците со минимална плата која не ги покрива трошоците за живот, покрај дупката во пензискиот фонд, направи уравниловка со пензиите и ги оштети граѓаните, дозволи покачување на струјата заради лошите енергетски политики, а цените на производите растат под притисокот на инфлацијата.
„Оваа Влада нема ни волја ни визија како да ја извлече економијата од кризната состојба. Инвестициите и равојот го базираат на позајмиици и кредити. За да ги враќаат досегашните кредити, идната година планираат ново задолжување од нови 2 милијарди евра“, истакна Филипче.
Тој говореше за тешките услови со кои се соочуваат компаниите. Тие не го добиваат повратот на ДДВ, а тоа ги прави претпалзиви или воопшто не влегуваат во нови инвестиции.
„Се затвораат компании, а во индустриските зони странските компании не ги реализираат планираните развојни проекти“, посочи претседателот на СДСМ.
Во такви, тешки услови, единствено што развива оваа власт се партизацијата, корупцијата, криминалот и изолација од ЕУ.
На адресата на Антикорупцискиот тим на СДСМ, информираше Филипче, секојдневно пристигнуваат стотици документи за корупцијата на ВМРО-ДПМНР, дури и од нивни членови кои се незадоволни од работата на Владата.
За да си ослободи простор за овие активности, рече Филипче, ВМРО-ДПМНЕ не пропушта ден со лажни изјави да ја дефокусира јавноста од прашања кои се од суштинска важност за граѓаните и за просперитетот на државата за да ја владее апсолутистички.