Филипче: „Владата нема желба да го запре порастот на цените, економската политика е непродуктивна“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат“, остро ја критикуваше актуелната влада за економската политика и инфлацијата. „Граѓаните не го чувствуваат растот на бруто домашниот производ затоа што инфлацијата го надминува процентот на раст, а платите не растат соодветно“, рече Филипче. Според него, сегашната влада ги прилагодува политиките според интересите на големите бизниси, без да обезбеди вистински капитални инвестиции за иднината на државата.

Филипче додаде дека кога СДСМ биле на власт, успевале да го покачат стандардот дури и за време на кризи како ковид и енергетската криза. „Ние предлагавме минимална плата од 30.000 денари, но владата не излезе во пресрет“, рече Филипче, оценувајќи дека проблемот не е во механизмите, туку во недостиг на волја од власта да ги спроведе потребните мерки за граѓаните.

Зачлени се на нашиот е-билтен