Функционерски плати vs. работнички животи: Утре пратениците ќе кажат колку вреди нивниот, а колку трудот на работниците

работниците

Според законската формула, платите на избраните и именуваните функционери (претседател, премиер, пратеници, министри, градоначалници и други високи јавни функции) се усогласуваат според просечната плата што ја објавува Државниот завод за статистика. Така, ако просечната плата порасне, платите на функционерите автоматски би требало да пораснат со законски утврдени коефициенти.

Тоа значи дека утре, во среда, на 25 февруари, откако беа објавени годишните статистички податоци за просечната плата во 2025 година – формално ќе започне процедурата за пресметка на растот на платите на над 1.000 функционери.

По објавата на Државниот завод за статистика за зголемување на просечната плата од 9,6% во 2025 година, според актуелните законски одредби, функционерските плати можат да се зголемат заа 9,6%, би пораснале за околу 200 – 300 евра месечно во нето-износ.

Овој потенцијален пораст на платите на избраните и именуваните не е само „апстрактно“, туку значајно го зголемува јазот со останатите плати во општеството.

Премиерот, министрите и другите функционери веќе земаат плати кои се повеќе од двојно поголеми од просечната плата, и повеќе од 3–4 пати поголеми од минималната плата, а со новата, евентуална, корекција, тие ќе бидат уште поголеми.

Го слуша ли некој гласот на работникот

Во меѓувреме, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повеќе од една година ја критикува оваа практика како неправедна и социјално непропорционална.

Синдикатите бараат минимална плата од најмалку 600 евра, што е две ипол пати повеќе од сегашниот минималец.

Покрај тоа, тие повторно ја истакнуваат потребата за линеарно покачување на сите плати за најмалку 100 евра, за да се намали јазот меѓу работниците и функционерите. (ScanTV)

ССМ исто така изнесе податоци дека повеќе од 70% од работниците земаат плата под просечната плата, а значаен дел од работниците прима плата значително под синдикалната потрошувачка кошничка, што покажува дека сегашните плати едноставно не покриваат егзистенција за многу семејства.

Минималната плата во Северна Македонија – што се случува?

Минималната плата е едно од најрилевантните мерила за економска правда. Според очекувањата, минималната плата ќе порасне за околу 1.500 – 2.000 денари (околу 25–30 евра) од март 2026 година – што е далеку под синдикалните барања и под потребите за живот.

Тоа значи дека минималецот од околу 397 евра ќе се зголеми на околу 420 евра, но оваа вредност е значително под синдикалното барање од 600 евра и под трошоците на синдикалната кошничка од околу 67.000 денари за едно четиричлено семејство.

Големата разлика: функционери vs работници

Овие бројки ја илустрираат суштинската неправда. Додека работниците бараат основно пристоен живот и минимална плата што би им овозможила егзистенциј, политичките елити и високи функционери се позиционираат да профитираат од статистички механизми за зголемување на нивните примања, дури и кога економските услови на граѓаните се најдалеку од тоа да им дозволат солиден живот.

Иако дел од пратениците и опозицијата најавија предлози за замрзнување или намалување на функционерските плати, тие остануваат до голем дел формални и сè уште не бидат донесени. Тоа ќе го знаеме јутре, во стреда.

Заклучок – социјална неправда на дело

Кога просечната плата пораснала за неколку проценти, тоа автоматски може да значи стотици евра повеќе во џебот на политичарите – без оглед на економските тешкотии на поширокото население. Според синдикатите, ова е симптом на длабока нееднаквост во системот на плати: елитата се богати со законски механизми, додека работниците и семејствата остануваат на работ на егзистенција.

Ова прашање, социјално и политички, не е само техничка усогласување на плати – тоа е симбол на приоритетите на државната политика и на тоа на кој начин се вреднува трудот и професионалниот придонес на граѓаните.

Зачлени се на нашиот е-билтен