Со нето-добивка по вработен од 600.000 денари (безмалку 10.000 евра) во текот на 2024 година компаниите од градежниот сектор се убедливи рекордери во Македонија во однос на овој показател за продуктивноста, објави Блумберг Адрија, повикувајќи се на податоци на Народната банјка на Северна Македонија.
Податоците на Народната банка покажуваат дека нивната добивка по вработен лани била двојно поголема од просекот на целиот корпоративен сектор, кој изнесувал 300.000 денари (околу пет илјади евра), и е значително поголема од добивката по вработен во ИКТ-компаниите од 400.000 денари (околу 6.500 евра), со што оваа дејност го зазема второто место на листата дејности рангирани по овој показател.
Дејностите поврзани со недвижен имот, стручни, научни, технички административни и помошни услужни дејности се на врвот на листата според остварената нето-профитна маржа, која лани изнесувала 12,3 проценти. Нето-профитната маржа се пресметува како сооднос на добивката и вкупните приходи.