Граѓаните јавуваат: Не точеа гориво до полноќ под изговор дека очекуваат дотур, а потоа почнаа да продаваат по новите цени, иако дотур немаше

гориво

Директорот на Пазарниот инспекторат Влатко Стојкоски изјави дека во последните три до четири дена се извршени повеќе од 300 инспекциски контроли на бензински станици и дека не е утврдено криење на залихи на гориво.

Тој појасни дека околу триесетина бензински станици привремено останале без гориво поради исцрпени резерви, но по ново полнење на резервоарите продолжиле со точење.

Ова појаснување на директорот на пазарниот инспекторат прво говори за апсурд како се случило токму на денот кога се олекуваше корекцијата на цената на нафтените деривати да биде корегирана и тоа со висок процент. И тоа на триесетина бензиски пумпи.

Објаснувањето за ова го даваат граѓаните кои до редакцијата на рацин.мк испратија мејлови во кои пишуваат дека на некои бензиски пумпи не точеле гориво минатата ноќ до полноќ под изговор дека очекуваат дотур, а потоа почнале да продаваат по новите цени, иако цистерни не донесоа ново гориво.

Еден граѓанин во мејл до нашата редакција напиша дека на бензиска пумпа на автопатот Тетово-Скопје, пристигнал во 21.00 часот и не можел да наточи гориво. Му рекле дека нема и дека ги чекаат цистерните за дотур. Бидејќи живеел во близина, можел да ја набљудува безниската и вели дека во 7 минути по полноќ почнале да точат гориво, иако дотогаш не дошла ниту една цистерна.

Не знаеме на колку бензиски пумпи се случувало истото, но тоа не е работа на граѓаните, туку на инспекциите, а тие велат немало криење гориво.

Зачлени се на нашиот е-билтен