Лето 2026 под сенка на војната и поскапувањата – што ги чека македонските туристи?

лето

Во пресрет на летната туристичка сезона 2026, глобалната геополитика повторно директно се прелева врз плановите на граѓаните. Војната на Блискиот исток и кризата во Персискиот залив не само што го менуваат туристичкиот мапинг, туку веќе создаваат конкретни последици: поскапи аранжмани, неизвесни летови и потенцијално поголеми гужви на границите.

Грција и Турција: Безбедни, но со „резерва“

И покрај конфликтот, Грција и Турција остануваат релативно безбедни туристички дестинации, барем засега. Конфликтот е географски оддалечен, а европските туристички институции ја задржуваат перцепцијата на континентот како „стабилна зона“.

Сепак, има неколку важни нијанси:

Турција е делумно погодена. Индиректно, како дестинација што традиционално привлекува туристи од Блискиот исток, може да почувствува пад на туристи од тие пазари дестинации.

Во источниот Медитеран, односно Турција и дел од Грција, веќе чувствува ефекти од намалена побарувачка и пренасочување на туристи.

Во исто време, дел од туристите кои очекувано, го избегнуваат Блискиот исток, се пренасочуваат токму кон Медитеранот што може да значи поголема гужва и повисоки цени.

Од сето ова произлегува дека безбедноста не е директно загрозена, но пазарните и логистичките ефекти ќе се почувствуваат.

Авиобилетите одат нагоре – и тоа сериозно

Најголемиот удар доаѓа од авио-индустријата. Цените на авионското гориво се речиси двојно зголемени во Европа, а во Азија растот е околу 80%.

Авиокомпаниите веќе најавуваат, што е сосема очекувано, дека ќе ги префрлат трошоците врз патниците. Дел од летовите се пренасочуваат за да се избегне ризичниот воздушен простор – што значи подолги рути и дополнителни трошоци.

Во пракса тоа значи поскапување на билетите за 6–15% (па и повеќе за подолги релации, како и можни дополнителни „fuel surcharge“ такси. Тоа е дополнителна, варијабилна такса што ја применуваат транспортните превозници (авиокомпании, камионски превоз, испорака) за да се компензираат нестабилните трошоци за гориво.

Секако, треба да се очекува, а некои компании тоа веќе го направија, да се намали бројот на летови на одредени линии.

Што им останува на македонските туристи

Аранжманите за Турција (со авион) ќе бидат поскапи, а далечните дестинации стануваат значително помалку достапни.

Грција, со автомобил, останува уште реална дсестинација.

Ова уште повеќе кога во услови на нестабилност, се менува и однесувањето на туристите и кога се очекува поголем интерес за „блиски“ дестинации.

Медитеранските земји може да апсорбираат дел од туристите што избегнуваат Блискиот исток Туризмот покажува отпорност, но со промена на навиките, пократките и поблиски патувања стануваат алтернатива.

Ова директно оди во прилог на Грција како прв избор за македонските туристи.

Шенген и границите: дали не чекаат долги колони?

Сите земји – членки на Европската унија (ЕУ) ќе мора да го воведат системот за влез/излез (ЕЕС) на сите свои гранични премини од 10 април и да ги регистрираат сите државјани на трети земји што ја преминуваат границата, објави Европската комисија(ЕК).

Воведувањето на новиот режим на Шенген на надворешните граници на ЕУ, како грчката, го носи очекуваниот ризик од подетални контроли и подолго задржување на границите, а со тоа и дополнителен притисок во сезонскиот пик јули и август

Крајна слика: поскапо, колони на границите, но не и откажано лето Летната сезона 2026 нема да биде „нормална“, но нема ни да пропадне. Наместо тоа главна дилема за граѓаните ќе биде дали да платат повеќе за удобност (авион + аранжман) или да изберат поевтина и, потенцијално „побавна“ варијанта со автомобил.

Зачлени се на нашиот е-билтен