Поскапуваат горивата: бензините за половина, дизелот за еден денар по литар

Од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на горивата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за 0,5 денари по литар, додека Еуродизелот се зголемува за еден денар.

Според новата одлука на РКЕ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 74 денари за литар, Еуросупер БС-98 по 76 денари, а Еуродизел по 71 денар за литар.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета, додека мазутот се зголемува за 0,856 денари и ќе чини 36,913 денари за килограм. Маслото за горење ќе се продава по 69,50 денари за литар.

Регулаторната комисија ја донесе новата одлука врз основа на движењата на цените на нафтените деривати на светските берзи и курсот на денарот во однос на американскиот долар во изминатите две недели.

Зачлени се на нашиот е-билтен