Повеќе туристи и ноќевања во Македонија: Во август регистрирани речиси 245.000 гости

Во Македонија во август годинава се регистрирани 244.513 туристи, кои оствариле вкупно 934.042 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Странските туристи сочинувале 53,6 проценти од вкупниот број посетители, додека домашните учествувале со 46,4 проценти. Кај ноќевањата, пак, најголем удел имале домашните гости — 70,8 проценти, наспроти 29,2 проценти остварени од странските туристи.

Податоците за првите осум месеци покажуваат раст и на посетеноста и на ноќевањата. Во периодот јануари–август 2026 година, бројот на туристите се зголемил за три проценти во споредба со истиот период лани.

Кај домашните туристи е забележано зголемување од 2,8 проценти, додека бројот на странските гости пораснал за 3,2 проценти.

Вкупниот број ноќевања во истиот период е повисок за 3,7 проценти. Поголем раст има кај странските туристи, чии ноќевања се зголемиле за 5,7 проценти, додека кај домашните растот изнесува 2,2 проценти.

Августовските бројки покажуваат дека, иако странските гости биле побројни, домашните туристи оствариле повеќе од две третини од сите регистрирани ноќевања.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Целосниот колапс на државниот систем за отпад 569 (53%)
53 %
Несовесноста на граѓаните и приватните фирми 301 (28%)
28 %
Пасивноста на инспекторите кои не пишуваат казни 125 (12%)
12 %
Неспособноста на локалните комунални претпријатија 82 (8%)
8 %

Најчитано