Пранешен генерален директор на Кока-Кола открива три правила за голем и успешен менаџер

Кока-Кола

Поранешниот генерален директор на Кока-Кола  за Кина и Јужен Пацифик, Бруно Филипи, во поткастот на М6 открива три правила што го прават еден менаџер голем и успешен.

1. Врвната корпорациска култура е она што се случува во компанијатѕа кога менаџментот го нема.

    Бруно Филипи тоа го објаснува: „Вистинската култура се појавува кога не сте во просторијата. Тимовите работат врз основа на навики, јасност и доверба – а не на надзор“.

    2. Тимот е најискреното огледало на лидерството

    Филипи вели дека пасивните тимови обично одразуваат нејасни очекувања. Тимовите кои само климаат со главата честопати веќе имаат „друга работа на ум“, како што вели поранешниот генерален директор на Кока-Кола.

    Тимовите кои предизвикуваат, прашуваат и придонесуваат покажуваат дека менаџерот изградил безбедност и одговорност, укажува Филипи

    3. Одличните менаџери избираат луѓе – а не биографии

    Филипи го пренесува своето искуство и вели дека во 23 земји што ги покривал како генерален директор, шемата е иста: Погрешното вработување ја уништува стратегијата. Вистинското вработување забрзува сè.

    Зачлени се на нашиот е-билтен