Празниците поминаа, цените отидоа до небо, а Мицкоски дури сега им се заканува на маркетите

Мицкоски

Празниците поминаа, цените отидоа до небо, а Мицкоски дури сега им се заканува на маркетите.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека маркетите кои не го почитуваат Законот, ќе се соочат со повисоки казни, а некои од нив ќе мора да стават и клуч на врата.

„Ние веќе неколку месеци испраќаме контроли. Има ланец маркети кои се соочија со казни. Но, ако продолжат вака да го изигруваат законот за нефер трговски пракси, тогаш ќе мора да стават клуч на врата“, изјави Мицкоски.

Цените низ пазарите и во маркетите беа различни, но она што им беше заедничко беа високите износи што граѓаните требаше да ги платат на основната домаќинска бадникова вечера и за Божик

Пакет од околу 800 грама замрзната риба ослиќ чини околу 250 денари низ маркетите. Гравот чини од 100 до 250 денари по пакет од околу 900 грама или еден килограм.

Килограм брашно може да се најде почнувајќи од 35 до 65 денари.

За бадниковата трпеза традиционално се сервираат и свежо и суво овошје, како урми, смокви, костени, ореви, мандарини, тиква…

Костените достигнаа цена и до 200 денари за килогран, портокалите околу 50 денари, јаболката околу 40 денари до 60 денари или 2 килограми за 100 низ пазарите.

За урми, смокви или ореви воопшто и не се размислуваше.

Од опозицијата предупредија дека ВМРО-ДПМНЕ ги турна граѓаните во сиромаштија – синдикалната кошничка порасна на 65.328 денари.

„Најголем е порастот повторно кај храната и пијалоците. На едно четиричлено семејство во јули му се потребни 23.682 денари за да купи храна. Пеколни податоци ресгистираше и статистиката на почеток на месецот. Годишната инфлација е зголемена на 4%. Овие поразителни бројки се резултатот од една година владеење на ВМРО ДПМНЕ – целосно промашена, аматерска економска политика. Животот станува уште поскап, инфлацијата притиска а куповната моќ на граѓаните е срушена. Ова е показател за целисниот дебакл на економските политики на Владата. Со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните од ден во ден стануваат се посиромашни“, велат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен