Просечната нето-плата во мај речиси 46.000 денари

Државниот завод за статистика објави дека просечната исплатена нето-плата во мај 2025 година достигнала 45.796 денари, што претставува зголемување од 11% во споредба со истиот месец лани.

Главни двигатели на порастот се секторите „Финансиски дејности и осигурување“ со скок од 23,9%, „Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“ со 15,1%, како и секторот „Образование“, каде што платите пораснале за 14,4%.

Во однос на април, раст на просечната нето-плата е забележан кај вработените во финансискиот сектор (13,5%), трговијата (5,4%) и рударството (5,1%).

Според ДЗС, просечната бруто-плата по вработен во мај годинава изнесувала 68.859 денари.

Зачлени се на нашиот е-билтен