Руската „Лукоил Македонија“ е исклучена од јавните набавки во Северна Македонија

Лукоил

Лукоил Македонија“ е исклучена од јавните набавки во Северна Македонија до јуни 2026 година. Ова е исходот со кој се соочува оваа компанија во руско сопствеништво, откако доби негативната референца од Министерството за одбрана за неиспорачена банкарска гаранција на веќе склучен договор.

Компанијата во својата жалба наведува дека не успеала да ја обезбеди банкарската гаранција поради безбедносни и регулаторни причини поврзани со санкциите против Руската федерација, иако било дозволено со генералните лиценци.

Во оваа ситуација, иако Лукоил на 20 октомври 2025 година го добила тендерот за набавка на масла, масти и течности за моторни возила нема да може да ја реализита зделката заради неможноста да обезбеди банкарска гаранциија, што е вообичаена клаузула за вакви големи јавни набавки.

Според Радио Слободна Европа/Радио Либерти, македонската подружница на руската нафтена компанија се обидела банкарската гаранција да ја замени со депозит.

Но, Министерството за одбрана го одбило ваквиот предлог, напоменувајќи дека е спротивно на Законот за јавни набавки. Неговата одлука ја потврдила и Државната комисија за жалби по јавни набавки.

„Доколку дојде до наплата на банкарската гаранција на понудата, односно до прекршување на изјавата за сериозност на понудата, договорниот орган објавува негативна референца што резултира со исклучување на предметниот понудувач од сите идни постапки за јавни набавки во период од шест месеци од денот на објавувањето“, стои во одлуката на Државната комисија.

Зачлени се на нашиот е-билтен