Што ќе донесе денеска Владата за да избегне пазарен шок во кој најпогодени ќе бидат граѓаните и стопанството

Владата

Владата за денеска на пладне најави одржување на седница на која се очекува да се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок на горивата.

-Цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на горивата. Иако на бензинските станици во земјава има убедливо најевтини горива во споредба со регионот се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бензините. Заради тоа Владата ќе има седница на која ќе се донесат вонредни мерки за борба против високите цени на бензините со кои ќе се ублажи ценовниот скок, брифираа вчера од Владата.

Србија забрани извоз и ги намали акцизите, Хрватска ги контролира цените, а регионот воведува ограничувања – Македонија влегува во кризната седница под зголемен притисок од „горивен туризам“ и растечки цени на другите прозиводи.

Од она што е актуелна ситуација, може да се каже дека земјите од регионот веќе донесоа тврди мерки додека Македонија доцни со одлука

Соседите не чекаа Србија воведе забрана за извоз на гориво и ослободи резерви, а акцизите таму се намалуваат и до 60% за стабилизација на цените

Хрватска имаше и второ ограничување цените, а подготвува инов пакет мерки, додека Босна и Херцеговина спроведува силни контроли на маржите

Пораката е јасна: пазарот веќе не се остава сам да се регулира. Кризата веќе се прелева, а македонските резерви не се толку долгорочни

Затоа треба да се внимава Македонија да не стане „вентил“ за регионот со зголемена побарувачка и притисок врз домашниот пазар.

Дел од земјите од регионот размислуваат и за ограничување на точење за странци, а во Словенија веќе има лимити по полнење.

Што најверојатно ќе донесе Владата денес

Според сигналите и регионалниот тренд, се очекува комбиниран пакет: Намалување на ДДВ и/или акцизи, како најреално сценарио, а можни се и ограничувања на маржите или цените ако има нагол скок.

Тоа треба да оди со најава за засилен надзор и контроли на пазарот.

Можеби не денеска, но како најава, во краен случај, може да се очекуваат и рестриктивни мерки, ако се појави недостиг или сериозен прекин во снабдувањето.

Во секој случај, Владата самата себеси си се стави без нема многу простор за маневар – или ќе го апсорбира ценовниот удар преку буџетот, или ризикува пазарен шок во кој најпогодени ќе бидат граѓаните и стопанството.

Зачлени се на нашиот е-билтен