Како што најавивме, втората фаза активности на ССМ заедно со работниците посветени на зголемување на работничките плати продолжува денес, 12.02.2026 година (четврток) со блокада на Стопанската Комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис Конфедерацијата. Блокадата ќе започне на раскрсницата пред Стопанската Комора во 12 часот.
Ова е пораката за денеска пред блокадата на Стопанската Комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис Конфедерацијата, кои што беа најавени како дела од кампањата на ССМ, да бидат слушнати и прифатени барањата на работниците за зголемување на минималната плата на 600 евра, и за покачување на останатите плати за 6000 денари.
„Да не се грижат, повторно ќе бидеме 21 претставник на синдикатот онолку колку што е потребно согласно законскиот минимум за да излеземе на улица и да ги блокираме. Нема да дозволиме работниците да им мрзнат на газдите на улица, да им мрзнат на пратениците на улица и да и мрзнат на Владата на улица само за да ги блокираат како што овие ги блокираат работниците, некои 36 години, некои две години, а некои една година“, се вели во соопштението на ССМ.
Од ССМ известуваат дека за време на протестот ќе биде обезбедено непречено движење за потребите на Итната медицинска помош, Противпожарната бригада и полицијата, а воедно им се извинуваме на граѓаните кои ќе имаат потреба да се движат во периодот на Блокадата по наведените улици, а секој итен случај ќе биде пропуштен да помине.