Владата и работодавачите да се договорат колку ќе се зголеми минималната плата, 600, 700, 800 или 1000 евра, а доколку не се договорат и им честитаат нова година на работниците со најниска минимална и просечна плата, тогаш и работниците ќе им честитаат нова година на свој начин.
Ова го изјави претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов после состанокот на Економско-социјалниот совет заедно со Владата и Организацијата на работовачите.
„Како во 2022 година, веројатноста е дека и оваа 2026 година во јануари и февруари ќе преземеме конкретни мерки и активности за да се избориме за зголемување на минималната плата, а следствено на тоа да не заборавиме зголемување на сите останати плати“, изјави претседателот на ССМ по седницата на Економско-социјалниот совет.
Тој на социјалните мрежи ги повика и другите сндикати да му се придружат на ССМ.
„Ги повикувам работниците да ни дадат што е можно поголема поддршка во наредниот период за следните чекори кои ќе ги направиме, затоа што очигледно е дека ако не се слушне јазикот на аргументите, ќе се слушне јазикот на работниците на друго место“, напиша претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.