УЈП се пожали дека нема наплата, фирмите прашуваат со кои пари?

Управата за јавни приходи (УЈП) регистрира „загрижувачка состојба“ со исполнувањето на данокот на додадена вредност. До 25 јули 142 месечни и 2.134 тримесечни обврзници воопшто не поднеле ДДВ‑пријава, а 1.326 месечни и 7.748 тримесечни обврзници пријавиле, но не уплатиле ДДВ за соодветниот период, соопшти денеска институцијата.

„Даночната дисциплина не е избор, туку обврска. Секој ден задоцнување носи камата од 0,03 % и ризик од блокирана сметка“, предупредува директорката Елена Петрова.

УЈП веќе испрати персонализирани опомени и најави цел сет мерки – од интензивна комуникација со обврзниците и сметководителите, до присилна наплата ако долгот не се плати доброволно.

Зачлени се на нашиот е-билтен