Garbage in, garbage out (GIGO) – кога во економската дебата се внесуваат селективни споредби, самопофалби и бројки без контекст, на излез добиваме лажна „четврта економија во Европа“. А во однос на она што граѓаните го чувствуваат, Македонија е 82-ра по квалитет на живот. Ова е разликата меѓу ПР приказната на Владата и реалноста во која живеат граѓаните.
На ова укажува пратеникот и поранеше вицепремиер за координација со економските ресори Фатмир Битиќи, во контекст на барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на мининалната плата за 100 евра и на другите плати за 6000 денари, кое власта упорно го одбива.
„Во таков контекст, расправата за 600 евра минимална плата не е прашање на „впечаток“, туку на достоинствено вреднување на трудот. Под таа граница, државата практично порачува дека е нормално човек да работи цел месец и сепак да остане сиромашен“, пишува на социјалните мрежи Фатмир Битиќи.

Пратеникот и поранешен вицепремиер за координација со економските ресори Фатмир Битиќи оваа споредба ја прави алудирајќи на фалбите на премиерот Христијан Мицкоски кој тврдеше дека македонската економија е рангирана на 4-то место според растот на бруто домашниот производ, во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска. Според него, откако е избрана оваа влада реалниот раст на БДП изнесува повеќе од 3%, додека, пак, прилагодениот раст изнесува 3,2%.