ВМРО-ДПМНЕ го предлага истиот закон што го блокираше кога беше опозиција

ВМРО-ДПМНЕ го предлага истиот закон што го блокираше

Со новото задолжување, власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ го потврди своето лицемерие, негрижа за граѓаните и уште еднаш покажа неодговорност во управувањето со јавните финансии, реагираше пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната Комисија за финансирање на буџетот.

Тој потенцираше дека пратениците кои сега се дел од власта гласаа, ќе гласаат за ново задолжување, за изградба на училишта, но тоа е истиот закон што самите го блокираа и оцрнуваа во 2021 година.

-Станува збор за иницијатива започната од претходната влада предводена од СДСМ, во рамките на стратешката рамка со Светска банка за периодот 2019 – 2023. Ова е проект на СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ денес се обидува да се прикаже како поддржувач на нешто што самото го блокираше. Гласаа против во 2021 година, денес гласаат за. Без извинување, без објаснување. Без никаква суштинска промена во проектот. Единствено што се смени е нивната партиска позиција,“, рече Битиќи. Тој потенцираше дека ова е класично политичко лицемерие на штета на граѓаните и на учениците.

„Сега нека одговорат јавно: зошто тогаш беа против, а денес се за? Што точно се променило, освен нивниот интерес?“

Покрај политичката недоследност, уште позагрижувачки е што Владата не понуди ниту минимум информации за јавноста. Заменик-министерот за финансии даде едвај 55-секунден извештај, без суштина и без детали. Нема список на училишта, нема информации кои општини ќе бидат опфатени, ниту пак јасност за условите под кои државата се задолжува.

„Ова е Влада што тврди дека ќе гради, а не кажува ниту што, ниту каде. Се крие, а се фали со туѓ проект. Ако веќе продолжувате нешто што ние го почнавме, бидете чесни и признајте. Сега имате нова стратешка рамка со Светска банка за 2024 – 2028 година, со буџет од 700 милиони евра. Каде се вашите проекти?“ потенцираше Битиќи.

Зачлени се на нашиот е-билтен