Во Македонија има 140 компании со А интегрирана еколошка дозвола, од нив 40 се во Скопје

еколошка

Во Македонија има 140 компании со А интегрирана еколошка дозвола (А-ИЕД), од нив 40 се во Скопје.

Овие дозволи зе задолжителни за компаниите кои работат со висок ризик зе емисии или испуштање на материи штетни за човековото здравје или за животната средина, и оттаму е законската регулатива за контрола на нивното работење.

Оваа, инаку позната законска обврска, стана особено актуелна откако започнаа активностите на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, на што компанијата одговори со редовни извештаи за емиисиите од нејзиното работење кои досега не покажаа дека тие се над пропишаните гранични вредности.

Кој ги определува граничните вредности на емисиите?

Граничните вредности се утврдуваат врз основа на европските регулативи. Клучната институција е Европското биро за интегрално спречување и контрола на загадувањето (European IPPC Bureau) со седиште во Севилја.

Ова Биро ги утврдува вредностите по групи: енергија, минерали, метали, хемија, управување со отпад и категоријата „друго“. Овие вредности се транспонирани во нашето законодавство преку соодветни Правилници.

Мерењата ги вршат или сопствени акредитирани служби на компаниите или надворешни акредитирани лаборатории.

Инструментите и методите мора да бидат во согласност со точно дефинирани стандарди пропишани во Правилникот за мерење на емисии од стационарни извори.

Државниот инспекторат за животна средина  врши надзор над работата на компаниите и веродостојноста на мерењата преку редовни, најавени, контролни или ад-хок инспекции.

Инаку, кога станува збор за контролите, Инспекторатот за заштита на животната средина при МЖСПП во 2025 година има донесено одлуки за глоби во висина од 600.000 евра.

За да биде сликата поцелосна, според истражувањата за градот Скопје (од 2016 година, кои сѐ уште се сметаат за релевантен индикатор за изворите на загадување), индустријата не е најголемиот загадувач.

Според посленото актиелно истражување, изворите на PM честички се поделени на следниов начин:

  1. Индивидуално затоплување (домаќинства и јавни објекти) – 32%
  2. Сообраќај – 20%
  3. Прашина (од градежништво и неисчистени улици) – 19%
  4. Индустрија – 18%

А-ИЕД се издава на рок од 7 години. Дали ќе биде продолжена зависи од тоа дали состојбата на терен се совпаѓа со условите во дозволата. МЖСПП може да ја измени дозволата по службена должност или по барање на операторот во следниве случаи:

При промени во најдобрите достапни техники (BAT) кои овозможуваат намалување на емисиите без прекумерни трошоци.

  • Кога безбедноста на инсталацијата бара нова технологија.
  • Ако загадувањето се зголемило до мера што ги загрозува животот и здравјето на луѓето.
  • При промена на законските прописи за заштита на животната средина.

Може ли да се одземе А-интегрирана дозвола?

Да, доколку операторот не ги почитува строгите услови во дозволата. Доколку еколошката дозвола биде одземена, фабриката престанува да работи веднаш. Постапката за повторно добивање започнува од нула. Познат случај во Македонија е одземањето на дозволата на „Југохром“ од Јегуновце, по што фабриката престана со работа.

Зачлени се на нашиот е-билтен