За Трајко Славески Македонија е светски рекордер во односот – минимална/просечна плата

Славески

Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија, Трајко Славески, вели дека Македонија е светски рекордер во односот – минимална/просечна плата.

За да го поткрепи ова, посочи дека според Законот за минимална плата, износот на минималната плата во март ќе се зголеми според законски утврдена формула и праг од 57% од просечната плата, што е значително над препораките на Меѓународната организација на трудот (40%) и на ЕУ (50%).

Во оваа игра со бројките тој воопшто не ја зема реалната вредност во денари на оваа „формула“ за раст на минималната плата која веќе ни од далеку не ги задоволува основните потреби на 40.000 граѓани кои преживуваат со 24.379 денари колку што изнесува минималната

Гувернерот рече барањето на ССМ се темели на анкета спроведена меѓу нивното членство, но тоа не е начин на кој се преговара за зголемување на плати со организациите на работодавачите.

Преговарањето, според него, треба да се базира на стандардни критериуми: зачувување на куповната моќ на платите, раст на економијата и учество на трудот во распределбата на продуктивноста.

„ССМ организира протест со барање минималната плата да се зголеми за 50%, а сите други плати за по 6.000 денари. Тоа претставува несериозен и популистички пристап“, е ставот на гувернерот Трајко Славески кој од височините на неговата функција во народната банка се огласи социјалната мрежа „X“.

Зачлени се на нашиот е-билтен