Златото се враќа посилно од кога било

Тензиите се на максимално ниво, а политичките и економските промени се случуваат со огромна брзина и тешко можат да се предвидат.

Состојбата на геополитичка напнатост, проследена со голема волатилност на пазарите, ги тера луѓето да бараат сигурно засолниште – а тоа, по правило, отсекогаш било златото. Сепак, во претходниот период и овој благороден метал помина низ краток, но непријатен пад на цената. Ова ги изненади многу инвеститори, но златото и овој пат ја покажа својата сила – за само неколку дена се врати на „старите патеки“ и сега повторно е прв и најсигурен избор на пазарот.

Неочекуваниот и краткотраен пад на цената на златото, кој дојде токму во време на голема криза кога цената очекувано би требало да расте, го раздрма пазарот. Најискусните инвеститори ја препознаа шансата и веќе очекуваат значителен профит. Глобалната ситуација упатуваше на тоа дека падот ќе биде краткотраен и дека сите факти зборуваат во прилог на брзо закрепнување и подготвување за нов рекорден раст.

Токму тоа се случува сега. Во однос на пред шест месеци, цената на златото е повисока за повеќе од 25%. Во споредба со пред еден месец, цената забележа пад од неколку проценти – но последните денови не само што го надомести овој пад, туку веќе расте над 2%. Некои фактори, како забавувањето на американската економија, доведоа до ненадеен пад, но постојат многу повеќе околности кои би можеле повторно да ја подигнат цената на златото на досега невидени нивоа.

Актуелните геополитички тензии, високата инфлација и пазарната волатилност која се очекува да се зголеми во наредниот период, лесно може повторно да ја турнат цената на златото до рекорди.

Во последните денови, поради краткотрајниот пад, златото беше исклучително поволно за купување, па оние што го препознаа моментот веќе остваруваат добар принос. Другите, кои почекаа да помине овој период, сè уште можат да се надеваат на добивка, бидејќи цената штотуку почна повторно да расте и засега не се гледа крај на тој тренд. Напротив, многу аналитичари предвидуваат дека златото би можело повторно да ја достигне својата рекордна вредност.

Златото повторно сјае со полн сјај и го потврдува статусот на најстабилен чувар на вредност во неопределени времиња. Додека светот се соочува со нови политички и економски предизвици, златото останува сигурно прибежиште за паметните инвеститори, бидејќи секој ден повторно бележи импресивни резултати и ги наградува оние што реагирале навреме.

Извор: N1info.rs

Зачлени се на нашиот е-билтен