Словачкиот премиер Роберт Фицо најави дека Братислава нема да го поддржи најновиот пакет санкции на Европската унија против Русија и ќе инсистира гласањето да се одложи сè додека не се разгледа загриженоста за снабдувањето со гас по 2027 година.
Фицо предупреди дека европскиот план за целосно прекинување на увозот на руски гас од 2028 година носи опасност од недостиг, поскапување за домаќинствата и скапи арбитражи поради раскин на долгорочниот договор со „Гаспром“.
„Не можеме да ризикуваме нашите граѓани да останат без енергент што засега нема адекватна и достапна замена“, изјави словачкиот премиер, најавувајќи дека ќе побара дополнителни гаранции од Брисел пред да се изјасни „за“.
Ставот на Словачка доаѓа во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, каде што лидерите треба да решат за 18-тата санкциска рунда насочена кон руските енергетски приходи. Одложувањето што го бара Братислава може да ја prolongира одлуката и да ја стави на тест унијата околу Украина.