Висината на минималната нето плата во Хрватска од 1 јануари следната година ќе се зголеми за околу 80 евра, од овогодинешните околу 670 на 750 евра или за 15 отсто, одлучи хрватската влада.
Со новата минимална плата ќе бидат опфатени 30 илјади луѓе повеќе од пред две години, пренесува Независне новине.
Кога станува збор за бруто износот, тоа е зголемување од 840 на приближно 970 евра.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека 100.000 луѓе во Хрватска денеска добиваат минимална плата и додаде дека целта на Владата е посветена да им обезбеди подостоинствен живот на оние кои имаат најмалку.
Од друга страна, последниот чекор за покачување на минималната плата е проследен со коментари дека се уште е доволно само за покривање на комуналиите.